Покана за учество на 27-та седница на Собранието на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ)

25-09-2020

Почитувани,                  

 

Ве известуваме дека 27-та седница на Собранието на ИОРРМ ќе се одржи на 16 октомври 2020 година (петок) во 12.00 часот, како видео конференција со електронско гласање.

Предлог дневен ред за седницата:

  1. Избор на членови на Работна група за верификација на гласањето по точките од дневниот ред на седницата, како и верификација на изборот на членови на комисиите и органите на ИОРРМ, и изборот на претставник на ИОРРМ за член на СУНРРСМ.
  2. Усвојување на Записникот од 26-та седница на Собранието на ИОРРМ.
  3. (А) Усвојување на Одлука за потврдување на Одлука за разрешување на член на Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
    (Б) Усвојување на Одлука за потврдување на Одлука за назначување на член на Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
  4. Усвојување на Одлука за потврдување на Одлука за продолжување на мандатот на членовите на комисиите на ИОРРМ, донесена од Управниот одбор на ИОРРМ.
  5. Усвојување на Одлука за потврдување на Одлука за продолжување на мандатот на членовите на органите на ИОРРМ, донесена од Надзорниот одбор на ИОРРМ.
  6. Избор на членови на комисиите и органите на ИОРРМ.
  7. Избор на член на ИОРРМ, за член на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ (СУНРРСМ), заради поднесена оставка на досегашниот член проф. д-р. Зорица Божиновска Лазаревска.
    • Кандидати кои пријавиле интерес по Повикот за пријавување на интерес за назначување на претставник на ИОРРМ, за член на СУНРРСМ и ги исполнуваат условите од член 10 став (1) и став (2) од Законот за ревизија
  8. Усвојување на Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2019 година.
  9. Разгледување на Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2019 година.
  10. Усвојување на Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2019 година, и извештајот на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2019 година:
  11. Усвојување на Одлука за избор на ревизор на финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31.12.2020, 31.12.2021 и 31.12.2022 година.
  12. Усвојување на резултатите од изборот на членови на комисиите и органите на ИОРРМ.

Како членови на ИОРРМ, доколку имате предлози за изменување и дополнување на предлог дневниот ред или материјалите за точките од предлог дневниот ред, истите можете да ги доставите до генералниот секретар на ИОРРМ на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна до 08 октомври 2020 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок нема да бидат земени предвид.

По однос на точка 6 од предлог дневниот ред, предлозите за избор на нови членови на органите и комисиите на ИОРРМ, поддржани од 5 членови (овластени ревизори) на ИОРРМ, и со приложена кратка биографија на предложеното лице, се доставуваат до генералниот секретар на ИОРРМ, на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна на 08 октомври 2020 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок, како и предлози за лица на кои им е изречена дисциплинска мерка од страна на ИОРРМ или СУНРРСМ, нема да бидат земени предвид. Списоците на членови на кои им истекува мандатот ќе бидат достапни на веб страната на ИОРРМ како материјал за точка 6 од предлог дневниот ред, како и списоци на лицата предложени за членови на комисиите и органите на ИОРРМ заедно со нивна кратка биографија.

Напомена: Ве молиме, најдоцна на 06 октомври 2020 година, задолжително да го потврдите присуството на 27-та седницата на Собранието на е-пошта: admin@iorrm.org.mk. Врз основа на бројот на членови кои ќе потврдат присуство на седницата, ќе бидеме во можност да утврдиме дали е остварен кворум за одржување на седницата, како и да се спроведат сите подготвителни активности за спроведување на седницата. Сите членови на ИОРРМ кои ќе потврдат присуство на седницата ќе добијат Упатство за начинот на спроведување на седницата и гласањето.

Присуството на седницата ќе се признава како 4 (четири) часа КПУ за 2020 година.  

 

 

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ