Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2020 година

17-06-2020

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) објавува повик за пријавување на интерес за одржување на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2020 година.

Согласно околностите наметнати со пандемијата на COVID – 19, во 2020 година предвидено е да се одржат и он-лајн предавања. Годишната програма за КПУ за 2020 година е објавена на веб страната на ИОРРМ во делот КПУсовршување.

Ве молиме доколку сте заинтересирани за одржување на предавање за одредени теми од Годишната програма за КПУ за 2020 година, најдоцна до 01 јули 2020 година, да доставите предлог со куса програма и времетраење на предавањето, на е-пошта gensec@iorrm.org.mk. Датумите за одржување на предавањата ќе бидат дополнително утврдени во договор со предавачите.

Повикот за пријавување интерес за одржување предавања за КПУ се однесува на физички и правни лица. Во случај кога интересот го изразува правно лице, ве молиме да доставите информација за лицата кои ќе бидат ангажирани како предавачи.

 

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ