Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

31-07-2020

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

Објавува
Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор, за испитната сесија септември/октомври 2020 година.

  1. Координаторот ќе ги извршува следните активности:
  • Организирање и координирање на изборот на прашања за испитот.
  • Организирање и координирање на оценувањето за испитот.
  • Соработка со Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
  • Изготвување на извештај за спроведениот испит кој се доставува до Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.

Координаторот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои имаат искуство од областа на спроведување на професионални или академски испити, и оние кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

2.   Оценувачите се очекува да оценуваат испитни тетратки за следните делови на испитот за стекнување звање овластен ревизор:

 

-      Управувачко сметководство

-      Финансиско сметководство

-      Законска регулатива

-      Ревизија 1

 

 

-      Ревизија 2

-      Финансиско известување

-      Управување со финансии

-      Корпоративно управување и етика

 

Оценувачите треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 14 август 2020 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.