Покана за КПУ настан на тема ‘Предизвици и перспективи на ревизорската професија

01-08-2020

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе спроведе настан за Континуирано професионално усовршување за овластени ревизори, на тема ‘“Предизвици и перспективи на ревизорската професија’, што ќе се одржи на 20и 21октомври 2020 година.

На следниот линк можете да најдете Програмата на настаните кои што ќе се одржат на 20 и 21октомври 2020 година, , со физичко присуство во просториите на Центарот за обука М6, во зградата наВинарска визба Тиквеш АД Скопје и онлајн, од 09.00 до 13.00 часот. За присуство на настанот ќе се признаваат 8 КПУ часа за 2020 година за овластените ревизори и за внатрешните ревизори.

Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 16октомври 2020 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 19октомври 2020 година.

Имајќи ја во предвид актуелната ситуација со пандемијата на COVID-19 и согласно мерките и протоколите на Владата, заради ограничениот број на слушатели кои физички ќе го следат настанот, учеството е по принцип прв пријавен прв регистриран, додека останатите слушатели обуките ќе ги следат онлајн. Пред настанот секој слушател на својата адреса за е-пошта ќе добие линк и упатството за следење на настанот.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линкhttp://bit.ly/kpu_revizori, за пополнување на пријава за регистрација за учество на настанот,кој што ќе биде поставен на веб страната на ИОРРМ. Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство како да се приклучите за следење на настанот, како и линк за следење на настанот.

 

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ