Повик за пријавување на предавања за членови на ИОРРМ

05-11-2020

Почитувани,

Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРМ, може електронски да ги проследите некои од предавањата кои ИОРРМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2020 година. Членовите на ИОРРМ може да се пријават за еден или повеќе од следните настани, само доколку не сте биле во можност да учествувате при првичното спроведување на настанот:

  • ‘Предизвици и перспективи на ревизорската професија’ што се одржи на 20 и 21 октомври 2020 година, (се состои од 2 видео снимки) – 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.
  • ‘Примена на приходната метода во проценките и финансиска анализа’, што се одржа на 16 и 17 јули 2020 година (се состои од 3 видео снимки) – 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.
  • ‘Ревизорската професија соочена со пандемијата со COVID-19 - предизвици и можни решенија’, што се одржа на 21 мај 2020 година (се состои од 1 видео снимка)  - 4 часа КПУ, надоместок 1.000 денари,

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите он-лајн во периодот од 09 ноември до 09 декември 2020 година. Повеќе информации за настаните под 1, 2 и 3 погоре може да најдете на веб страната на ИОРРМ во делот КПУсовршување. Сите материјали за настаните се поставени во делот за членовите на ИОРРМ во мени КПУсовршување.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ на горенаведените предавања е 30 ноември 2020 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk .

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на contact@iorrm.org.mk, предавањето може да го проследите на следниот линк http://www.iorrm.org.mk/najava (или во менито Он-лине предавања на нашата веб страна). Откако ќе се регистрирате (или најавите, доколку веќе сте регистрирани претходно), потребно е да одберете опција Барање. Потоа, го одбирате настанот за кој што се пријавувате и го доставувате Барањето за следење. За сите следни чекори ќе бидете известувани на е-маил адресата со која што сте регистрирани. Барањата се доставуваат поединечно за секое од предавањата кои сакате да ги проследите.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.

Напомена: За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.  

Воедно, Ве известуваме дека на веб страната на ИОРРM, во делот за членовите на ИОРРМ, во мени КПУсовршување, поставен е ажуриран список на остварени КПУ часови (заклучно со настанот одржан на 20-21.10.2020 година). Доколку имате забелешки на ажурираниот список, Ве молиме да не информирате за да ја провериме нашата евиденција.