Покана за КПУ настан - 23 и 25 декември 2020 година

07-12-2020

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе спроведе он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, кој што е последен настан за КПУ за 2020 година, а се спроведува наместо стандардното електронско следење на КПУ.

Настаните ќе се одржат преку платформата Cisco WebEx. За присуство на настанот ќе се признаваат 8 КПУ часа за 2020 година за овластените ревизори.

Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 18 декември 2020 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 22 декември 2020 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк Пријава за КПУ настан - 23 и 25 декември 2020 година . Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство како да се приклучите за следење на настанот, и линк за следење на настанот.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ