map мапа contact контакт contact форум contact ONLINE ПРЕДАВАЊА
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
  Институт на Овластени Ревизори

Aктуелни соопштенија:

Поканa за учество на 21-та седница на Собранието на ИОРРМ (22 јуни 2017 година)

Повик за пријавување на испити за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

Покана за пријава на учество на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) што ќе се одржат на 14, 15 и 16 јуни 2017 година

Покана за пријавување на едукатори за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор (Обновено)

Известување/Препорака до друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци во врска со ревизорските стандарди кои што се во примена при спроведување на законските ревизии

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2017 година

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Ул. 11 Октомври
бр. 52А/1 - 3
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349
Е-пошта: contact@iorrm.org.mk

 
wcoa
 

 
   
КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Методологија за организација и спроведување на проверка
на контрола на квалитет

21.02.2014

СОДРЖИНА

1. Правилник за начинот и постапката на контрола на квалитетот на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци.

2. Извештај за проверките на контролата на квалитетот во 2012 година.

3. Прибирање на годишни податоци – Прашалник за прелиминарни податоци.

4. Прибирање на годишни податоци – Преглед за прибирање на годишни податоци.

5. Декларирање на независност/доверливост – Изјава за независност/доверливост.

6. Писмо за објава на ангажман.

7. Проверка на контрола на квалитет – Прашалник за внатрешниот систем на контрола на квалитет.

8. Проверка на контрола на квалитет – Прашалник за поединечен ревизорски ангажман.

9. Проверка на контрола на квалитет – Форма за работи за понатамошно разгледување (за наоди и препораки).

10. Проверка на контрола на квалитет – Резиме за проверката на контрола на квалитет.

11. Методологија за оценување на ниво на ангажман.

Известување/Препорака до друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци во врска со ревизорските стандарди кои што се во примена при спроведување на законските ревизии

05.01.2017

Комплетниот сет на Меѓународни стандарди за ревизија (“МСР”) кои стапија на сила на 15 декември 2009 година како што се издадени од страна на Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување (“ОМСРУ”), беа преведени и објавени во ‘Службен весник на Република Македонија’ број 79 од 2010 година.
Во подоцнежниот период, ОМСРУ прифати и објави измени и подобрувања на постоечките МСР, и воведе нови МСР. Овие промени во МСР не се преведени и објавени во ‘Службен Весник на Република Македонија’. Последователно настануваат разлики помеѓу МСР и ревизорските стандарди кои се во примена во Република Македонија. Соодветно на ова, законската рамка за вршење на ревизија во Република Македонија е различна од МСР како што се објавени од страна на ОМСРУ.
Во согласност со точка 3 од Предговорот на МСР, ‘професионалниот сметководител не треба да прикаже усогласеност со стандардите издадени од ОМСРУ освен ако професионалниот сметководител не постапи целосно во согласност со сите за ангажманот релевантни стандарди’. Соодветно на ова, како што е објаснето погоре, законската рамка за спроведување на ревизии и ангажмани на уверување во Република Македонија која ја сочинуваат усвоените меѓународни стандарди за ревизија објавени во "Службен весник на Република Македонија", не може да биде Меѓународни стандарди за ревизија, туку ревизорски стандарди кои се во примена во Република Македонија.
Како резултат на погоре наведеното, кај законските ревизии, во извештајот на независниот ревизор не треба да се наведе дека e извршена ревизија согласно со Меѓународните стандарди за ревизија издадени од ОМСРУ, туку треба да ги дефинира стандардите за ревизија кои што се во примена во Република Македонија, или друга формулација со која што ќе се направи јасно раздвојување од Меѓународните стандарди за ревизија издадени од ОМСРУ.
Напомена: Ова известување/препорака е подготвено од Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги и е одобрено од Управниот одбор на Институт на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ)


Контрола на квалитет

25.08.2009

На 25 мај 2010 година, Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) потпиша Договор за партнерство со францускиот конзорциум составен од Compagnie Nationale Des Commissaires Aux Comptes - CNCC и Consel Superieur de l'Ordre Des Experts Comptables – CSOEC. Договорот за партнерство предвидува соработка во три области:
  • Официјална поддршка од страна на Францускиот конзорциум во барањето на ИОРРМ за членство во МФС (IFAC).
  • Продолжување на соработката во спроведување на системот за контрола на квалитет кој беше воспоставен во 2009 година.
  • Пренесување и размена на искуства во текот на развојот на акцискиот план како што е предложен до МФС.




25.08.2009
Проект “Контрола на квалитетот на овластените ревизори” во рамките на Проектот РЕПАРИС

Проектот “Контрола на квалитетот на овластените ревизори” во рамките на Проектот РЕПАРИС, започна во април 2009 година, и го спроведува францускиот конзорциум составен од Compagnie Nationale Des Commissaires Aux Comptes (Институт на овластени ревизори) и Ordre Des Experts Comptables (Институт на овластени сметководители).

Овој проект треба да придонесе за унапредување на ревизијата во Македонија. Фокусот на проектот е подобрување на довербата на финансиската заедница во финансиските извештаи на претпријатијата кај кои ревизија вршат овластени ревиозори во Република Македонија. Ефективниот режим за надворешна контрола на квалитетот ќе ги увери и корисниците на финансиските извештаи и другите заинтересирани страни дека стандардот на работата на овластените ревизори и друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци ќе ги задоволи барањата од основните принципи за надв орешната контрола на квалитетот, како што е утврдено со член 12 од Законот за ревизија и со подзаконските акти на ИОРРМ, имајќи ги предвид меѓународните основни мерила.

Главната цел на проектот е да воспостави методологија и алатки за имплементација на системот на проверка на квалитетот на ревизорските услуги.

На 10 септември 2009 година, во соработка со францускиот конзорциум, ќе се одржи работилница. Целта на работилницата е заеднички да се разгледаат и објаснат сите прашања и дилеми поврзани со пополнување на прашалниците Извештај за годишни активности за ревизија и Прашалник за прелиминирани податоци.
Работилницата ке се одржи во Стопанска комора на 5-ти кат, од 10 до 13 часот.

Овие документи се превод на двата додатока на “Прирачникот за контрола на квалитет за мали и средни практики" на IFAC (International Federation of Accountants). Горните документи може да Ви послужат во развивањето на вашите интерни процедури за системот за контрола на квалитет.
Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) на 14 септември 2010 година одржа работилница на тема "Алатка за конзистентна организација на ревизорско досие".

Материјали од работилницата:
      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive