КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ

Почитувани,

Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРМ, може електронски да ги проследите некои од предавањата кои ИОРРМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2020 година. Членовите на ИОРРМ може да се пријават за еден или повеќе од следните настани, само доколку не сте биле во можност да учествувате при првичното спроведување на настанот:

  • ‘Предизвици и перспективи на ревизорската професија’ што се одржи на 20 и 21 октомври 2020 година, (се состои од 2 видео снимки) – 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.
  • ‘Примена на приходната метода во проценките и финансиска анализа’, што се одржа на 16 и 17 јули 2020 година (се состои од 3 видео снимки) – 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.
  • ‘Ревизорската професија соочена со пандемијата со COVID-19 - предизвици и можни решенија’, што се одржа на 21 мај 2020 година (се состои од 1 видео снимка)  - 4 часа КПУ, надоместок 1.000 денари,

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите он-лајн во периодот од 09 ноември до 09 декември 2020 година. Повеќе информации за настаните под 1, 2 и 3 погоре може да најдете на веб страната на ИОРРМ во делот КПУсовршување. Сите материјали за настаните се поставени во делот за членовите на ИОРРМ во мени КПУсовршување.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ на горенаведените предавања е 30 ноември 2020 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk .

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на contact@iorrm.org.mk, предавањето може да го проследите на следниот линк http://www.iorrm.org.mk/najava (или во менито Он-лине предавања на нашата веб страна). Откако ќе се регистрирате (или најавите, доколку веќе сте регистрирани претходно), потребно е да одберете опција Барање. Потоа, го одбирате настанот за кој што се пријавувате и го доставувате Барањето за следење. За сите следни чекори ќе бидете известувани на е-маил адресата со која што сте регистрирани. Барањата се доставуваат поединечно за секое од предавањата кои сакате да ги проследите.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.

Напомена: За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.  

Воедно, Ве известуваме дека на веб страната на ИОРРM, во делот за членовите на ИОРРМ, во мени КПУсовршување, поставен е ажуриран список на остварени КПУ часови (заклучно со настанот одржан на 20-21.10.2020 година). Доколку имате забелешки на ажурираниот список, Ве молиме да не информирате за да ја провериме нашата евиденција.

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе спроведе настан за Континуирано професионално усовршување за овластени ревизори, на тема ‘“Предизвици и перспективи на ревизорската професија’, што ќе се одржи на 20и 21октомври 2020 година.

На следниот линк можете да најдете Програмата на настаните кои што ќе се одржат на 20 и 21октомври 2020 година, , со физичко присуство во просториите на Центарот за обука М6, во зградата наВинарска визба Тиквеш АД Скопје и онлајн, од 09.00 до 13.00 часот. За присуство на настанот ќе се признаваат 8 КПУ часа за 2020 година за овластените ревизори и за внатрешните ревизори.

Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 16октомври 2020 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 19октомври 2020 година.

Имајќи ја во предвид актуелната ситуација со пандемијата на COVID-19 и согласно мерките и протоколите на Владата, заради ограничениот број на слушатели кои физички ќе го следат настанот, учеството е по принцип прв пријавен прв регистриран, додека останатите слушатели обуките ќе ги следат онлајн. Пред настанот секој слушател на својата адреса за е-пошта ќе добие линк и упатството за следење на настанот.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линкhttp://bit.ly/kpu_revizori, за пополнување на пријава за регистрација за учество на настанот,кој што ќе биде поставен на веб страната на ИОРРМ. Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство како да се приклучите за следење на настанот, како и линк за следење на настанот.

 

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) и Комората на проценувачи на РСМ (КПРСМ) спроведоа заеднички настан за Континуирано професионално усовршување за овластени ревизори и проценувачи, на тема ‘Примена на приходната метода во проценките и финансиска анализа’, што се одржа на 16 и 17 јули 2020 година.

Доколку не сте биле во можност да учествувате на настанот, снимката од настанот (што се состои од три последователни видеа) ќе може да ја проследите он-лајн во периодот од 21 септември до 02 октомври 2020 година.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 23 септември 2020 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk . Надоместокот за следење на настанот, за кој што се признаваат 8 часа КПУ за 2020 година, изнесува 2.000,00 денари по лице.

Предавањето може да го проследите на следниот линк http://www.iorrm.org.mk/najava.aspx. Откако ќе се регистрирате (или најавите доколку веќе сте регистрирани претходно), потребно е да одберете опција за доставување Барање, а за сите следни чекори ќе бидете известувани на е-маил адресата со која што сте регистрирани.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.

Напомена: За следење на настанот може да се пријават само лица кои не присуствувале на настанот на 16 и 17 јули 2020 година.

 

Настан за Контунирано професионално усовршување организиран од

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) и Комората на проценувачи на РСМ (КПРСМ)

Примена на приходната метода во проценките и потребата од финансиска анализа

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) и Комората на проценувачи на РСМ (КПРСМ)ќе спроведат заедничкинастан за Континуирано професионално усовршување за овластени ревизори и проценувачи, на тема ‘Примена на приходната метода во проценките и финансиска анализа’, што ќе се одржи на 16 и 17 јули 2020 година.

На следниот линк можете да најдете Програмата на настаните кои што ќе се одржат на 16 и 17 јули 2020 година, со физичко присуство во просториите на Центарот за обука М6, во зградата наВинарска визба Тиквеш АД Скопје и онлајн, од 09.00 до 13.00 часот. За присуство на настанот ќе се признаваат 8 КПУ часа за 2020 година за овластените ревизори и проценувачите.

Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 13 јули 2020 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 14 јули 2020 година, по претходни инструкции кои ќе ви бидат доставени од организаторите.

Имајќи ја во предвид актуелната ситуација со пандемијата на COVID-19 и согласно мерките на Владата, заради ограничениот број на слушатели кои физички ќе го следат настанот, учеството е по принцип прв пријавен прв регистриран, додека останатите слушатели обуките ќе ги следат онлајн. По извршената регистрација секој слушател на својата адреса за е-пошта ќе добие линк и упатството за следење на настанот, откако администратотот ќе му одобри пристап.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк https://forms.gle/ix9Q1nZrteJGEoRH8, за пополнување на пријава за регистрација за учество на настанот. Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство како да се приклучите за следење на настанот.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ

Антонио Георгиев

Претседател на КПРСМ

Почитувани,

Следејќи ја актуелната состојба предизвикана со пандемијата на Ковид-19 и барањето на своите членови, Здружението на внатрешните ревизори на РС Македонија (ЗВРРСМ) и Институтот на овластени ревизори на Р. Македонија (ИОРРМ) го збогатуваат своето портфолио нудејќи оn-line обуки за КПУ кои може да ги следите преку Интернет:

I Обука – ЕТИКА

II Обука – Измами и Ковид 19

За повеќе информации, посетете го следниот линк: https://aiam.org.mk/aktuelno/

Online учењето (или учењето на далечина) станува вообичаена практика, не само поради актуелниот миг. Користејќи ги бенефитите на модерната технолгија преку Интернет ќе може да партиципирате во самата обука со свои прашања и коментари и интерaктивно да комуницирате со предавачот, не напуштајќи ја удобноста на својот дом.

Цената за обуката е 1.000 денари. Учесниците ќе се здобијат со 4 КПУ часа за обуката. Пријавувањето е најдоцна до 24-ти јуни 2020 година на contact@aiam.org.mk

ВАЖНО: Линкот за пристап до обуката ќе го добиете по регистрацијата, на Вашиот e-mail кој сте го пријавиле.

Симеон Шумански

CIA, CFSA

Локација

Интернет – Online обука

Датум

26.06.2020

Време

10:00 АМ – 11:30 АМ

Прашања/Пауза

11.30 АМ – 12.00 АМ

Александра Тасева

CIA, CFE, CRMA, FCCA

Локација

Интернет – Online обука

Датум

26.06.2020

Време

11:30 АМ – 13:00 PM

Прашања

13.00 АМ – 13.30  PM

За повеќе информации на следниве линкови:

https://aiam.org.mk/download/IIA_MK_Тraining_АТ.pdf

https://aiam.org.mk/download/IIA_MK_Тraining_SS.pdf
Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ

Почитувани,

Имајќи ја во предвид актуелната ситуација со Ковид-19 пандемијата и согласно мерките на Владата, Економски факултет – Скопје и Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе спроведат заедничка онлајн панел конференција на тема „Ревизорската професија соочена со пандемијата со COVID-19-предизвици и можни решенија“, која што ќе се одржи на 21 мај 2020 година (четврток), со почеток во 12 часот на онлајн платформата Google hangout meet. Настанот е во рамки на прославата на 70 годишнината на Економскиот факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Согласно член 28 од Законот за ревизија, настанот е во согалсност со Програмата за Континуирано професионално усовршување на овластените ревизори за 2020 година, за кој што се признаваат 4 КПУ часа за 2020 година.

Подолу се дадени линкови за следните:

Програма за настанот

Флаер

Упатство за следење на онлајн настанот

Надоместокот за присуство на настанот е 1.000,00 денари за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 19 мај 2020 година, на е-пошта contact@iorrm.org.mk. Уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 19 мај 2020 година,

Цел на дознака:            Уплата за КПУ за 21.05.2020 година за Име и презиме на учесникот;

Назив на примачот:      ИОРРМ Скопје;

Банка на примачот:      Стопанска банка АД Скопје;

Сметка:                          200001330719615.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ

Почитувани членови,

Следејќи ја актуелната состојба предизвикана со корона вирусот и барањето на своите членови, Здружението на внатрешните ревизори на РС Македонија (ЗВРРСМ)  и Институтот за овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) го збогатуваат своето портфолио нудејќи за прв пат оn-line обуки кои може да ги следите преку Интернет:

Обука Прв дел - Новиот закон за заштита на лични подаотоци – преглед и новитети

Обука Втор дел - Преглед на поставеноста и улогата на  Офицерот за заштита на лични податоци

Бидете подготвени и навреме испланирајте ги своите активности за што поуспешно и полесно усогласување со овој Закон како и со Европскиот закон за заштита на лични податоци (GDPR.)

On-line учењето (или учењето на далечина) станува вообичаена практика, не само поради актуелниот миг.  Користејќи ги бенефитите на модерната технолгија преку Интернет ќе може да партиципирате во самата обука со свои прашања и коментари и интерaктивно да комуницирате со предавачот, не напуштајќи ја удобноста на својот дом. Исто така, по завршување на обуката презентацијата ќе ви биде достапна за превземање.

ВАЖНОИскористeте ја ова промотивна понуда да добиете пристап до обуките за цена од 2.000 денари за членови и 4.000 денари за оние учесници кои не се членови на ЗВРРСМ и ИОРРМ. Понудата за двата дела на обуката е недделива.

Пријавувањето е најдоцна до 21-ви Април 2020 година на contact@aiam.org.mk .

Датум и време:     

1.    Обука Прв Дел - Четврток, 23-ти Април 2020 /10:00 -   12:30 часот

2.   Обука  Втор Дел - Четврток, 30-ти Април 2020 /10:00 -   13:00 часот

Локација: Интернет

ВАЖНОЛинкот за пристап до обуките ќе ги добиете по регистрацијата,  на Вашиот e-mail кој сте го пријавиле.

Учесниците ќе се здобијат со 6 КПУ часа за двете обуки (по 3 КПУ часа за секој дел од обуката).

Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

 

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ