map мапа contact контакт contact форум contact ONLINE ПРЕДАВАЊА
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
  Институт на Овластени Ревизори

Aктуелни соопштенија:

Покана за пријава на учество на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) што ќе се одржат на 26, 27 и 28 септември 2018 година, во Хотел Сириус - Струмица

Повик за прибирање на Писма за интерес од страна на правни лица или групи на физички лица, кои понатаму може да учествуваат во постапката за избор на правно лице или група на физички лица кои ќе извршат ажурирање на преводот на Меѓународните стандарди за ревизија

Покана за учество на 23-та седница на Собранието на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ)

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2018 година

Договор за соработка помеѓу Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Ул. 11 Октомври
бр. 52А/1 - 3
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349
Е-пошта: contact@iorrm.org.mk

 
wcoa
 

 
   
КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) објавува повик за пријавување на интерес за одржување на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2018 година.

Предвидено е предавањата во 2018 година да се одржат во следните термини и на следните локации:

  • 30 мај - 1 јуни 2018 година, хотел Дрим, Струга (20 КПУ часа)
  • 26 - 28 септември 2018 година, хотел Сириус – Струмица (20 КПУ часа)
  • 28- 30 Ноември 2018 година, во Скопје (24 КПУ часа).

Ве молиме доколку сте заинтересирани за одржување на предавање за одредени теми, најдоцна до 27 април 2018 година, да доставите предлог со програма за предавањето, со наведен датум и времетраење на предавањето, на е-пошта gensec@iorrm.org.mk или на адресата на ИОРРМ (ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје).

Повикот за пријавување интерес за одржување предавања за КПУ се однесува на физички и правни лица. Во случај кога интересот го изразува правно лице, ве молиме да доставите информација за лицата кои ќе бидат ангажирани како предавачи.

Предложените теми на предавањата согласно Годишната програма за КПУ за 2017 година се следните:

Бр. Наслов
   
1 МСФИ и ажурирање на МСФИ (2017 – 2018 год.)
Обработка на актуелни теми, генерален преглед на главните промени на МСФИ во дадениот период и преглед на последните промени.
Актуелни теми (предлог):
1.1 Генерален преглед на главните промени на МСФИ во дадениот период и преглед на последните промени
1.2 МСФИ за МСЕ - преглед на последните промени
1.3 МСС 7 - Извештај за парични текови
1.4 МСС 8 - Сметководствени политики, промени на сметководствени проценки и грешки
1.5 МСС 10 - Настани по периодот на известување
1.6 МСС 12 - Даноци на добивка
1.7 МСС 24 - Обелоденувања за поврзани страни
1.8 МСФИ 2 - Плаќање врз основа на акции
1.9 МСФИ 4 - Договори за осигурување
   
2 МСР и ажурирање на МСР (2017 – 2018 год.)
Обработка на актуелни теми од ревизијата и преглед на главните промени во МСР во дадениот период
Актуелни теми (предлог):
2.1 Генерален преглед на главните промени на МСР во дадениот период
2.2 МСР 220 - Контрола на квалитет за ревизија на финансиските извештаи
2.3 МСР 230 - Ревизорска документација
2.4 МСР 240 - Одговорност на ревизорот во однос на измама во ревизија на финансиските извештаи
2.5 МСР 315 - Идентификување и проценка на ризиците од материјално погрешно прикажување преку разбирање на ентитетот и неговото опкружување
2.6 МСР 320 - Материјалност во планирање и извршување на ревизијата
2.7 МСР 330 - Одговори на ревизорот на проценетите ризици
2.8 МСР 450 - Оценка на погрешните прикажувања идентификувани во текот на ревизијата
2.9 МСР 500 - Ревизорски доказ
2.10 МСР 530 - Метода на примерок на ревизијата
2.11 МСР 600 - Посебни разгледувања – Ревизии на финансиски извештаи на групација (вклучувајќи ја и работата на ревизорот на компонента)
2.12 МСР 620 - Користење на работата на експерт на ревизорот
2.13 МСР 710 - Споредливи информации – кореспондирачки податоци и споредбени финансиски извештаи
   
3 Контрола на квалитет во ревизијата
Преглед на стандардите за контрола на квалитет, поставеноста на контролата на квалитетот во ИОРРМ, генерално сублимирање на наодите од спроведените контроли на квалитет.
   
4 Кодекс на етика на МФС за професионални сметководители и негово ажурирање
Обработка на актуелни теми од делот на етиката и преглед на промените настанати по ажурирањето на Кодексот на етика.
   
5 Даноци
Промена на регулативата од даночната сфера.
Актуелни теми.
   
6 Законска регулатива
Статутарни промени.
Корпоративно право во делот на финансиското известување и ревизијата.
   
7 Информатичка технологија
Користење на експерт за ИТ технологии при ревизија на финансиски извештаи (Journal Entry Testing) Специфики на ревизијата во информатичко опкружување, трендови и новитети во информатичката технологија. Ревизија на ИТ системите, Можности за примена на ИТ во ревизијата
   
8 Актуелни теми - други професионални и регулаторни тела
8.1 Внатрешна ревизија Управување со ризици во банки, системски значајни банки, измени на регулатива во адеквантност на капиталот на банките
8.2 Супервизија на осигурителни друштва
8.3 Совет за унапредување и надзор на ревизијата на РМ
8.4 Управа за јавни приходи на РМ
8.5 Централен регистар на РМ
8.6 Комисија за хартии од вредност
8.7 Управа за финансиско разузнавање Дирекција за заштита на лични податоци
8.8 Институт на сметководители и овластени сметководители на РМ
8.9 "Soft skills" (Меки вештини)
   
За подготовка на одржано предавање од страна на член на ИОРРМ се признава број на часови за КПУ кои се еднакви на должината на предавањето во рамки на семинарот. За секој ден на одржаните семинари се признаваат КПУ часови согласно програмата за тој ден на настанот.

Со почит,

Борислав Aтанасовски
Претседател на ИОРРМ

 
      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive