map мапа contact контакт contact форум contact ONLINE ПРЕДАВАЊА
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
  Институт на Овластени Ревизори

Aктуелни соопштенија:

Повик за пријавување на испити за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

Покана за пријава на учество на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) што ќе се одржат на 14, 15 и 16 јуни 2017 година

Покана за пријавување на едукатори за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор (Обновено)

Известување/Препорака до друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци во врска со ревизорските стандарди кои што се во примена при спроведување на законските ревизии

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2017 година

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Ул. 11 Октомври
бр. 52А/1 - 3
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349
Е-пошта: contact@iorrm.org.mk

 
wcoa
 

 
   
КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) објавува повик за пријавување на интерес за одржување на предавања за работилници во рамките Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2016 година.

Согласно Годишната програма за Континуирано професионално усовршување за 2016 година предвидено е од 2016 година да се започне со пракса на одржување работилници за групи од 10 до 20 учесници. Предложените теми на работилниците се следните:

  • Ангажмани на надворешна ревизија – Прелиминарни ревизорски постапки (8 часа)
  • Ангажмани на надворешна ревизија – Планирање на ревизијата (16 часа)
  • Ангажмани на надворешна ревизија – Извршување на ревизорскиот план (16 часа)
  • Ангажмани на надворешна ревизија – Завршни процедури и известување (8 часа)
  • Внатрешна ревизија (8 часа)
  • Методологија за проверки на контрола на квалитет (8 часа)

За подготовка на одржано предавање од страна на член на ИОРРМ се признава број на часови за КПУ кои се еднакви на должината на предавањето во рамки на работилницата. За секоја работилница се признаваат КПУ часови во нејзино времетраење.

молиме доколку сте заинтересирани за одржување на предавања за одредена работилница (една или повеќе), најдоцна до 20 април 2016 година, да доставите предлог со програма за предавањето, со наведен датум и времетраење на предавањето, на е-пошта gensec@iorrm.org.mk или на адресата на ИОРРМ (ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје).

Повикот за пријавување интерес за одржување предавања за работилници се однесува на физички и правни лица. Во случај кога интересот го изразува правно лице, ве молиме да доставите информација за лицата кои ќе бидат ангажирани како предавачи.

Ве молиме да не контактирате доколку ви се потребни дополнителни информации.

Со почит,

Борислав Aтанасовски
Претседател на ИОРРМ

 
      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive