map мапа contact контакт contact форум contact ONLINE ПРЕДАВАЊА
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
меморандуми
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
  Институт на Овластени Ревизори

Aктуелни соопштенија:

Повик за пријавување на интерес за подготвувачи на испитни прашања за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Покана за пријавување за електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) што ќе се одржи од 17 до 31.12.2018 година

Покана за учество на 24-та седница на Собранието на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ)

Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Ул. 11 Октомври
бр. 52А/1 - 3
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349
Е-пошта: contact@iorrm.org.mk

 
wcoa
 

 
   

Меморандуми за соработка

14.01.2019

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА ВНАТРЕШНИ РЕВИЗОРИ НА МАКЕДОНИЈА

На 09-ти јануари 2019 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) и Здружението на внатрешни ревизори на Македонија (ЗВРМ) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува взаемната соработка за подигнување на професијата внатрешен ревизор и овластен ревизор на повисоко ниво, промовирање на стручноста, знаењето и професионалноста на своите членови.

Меморандумот предвидува соработка во неколку области: соработка меѓу двете професионални организации во спроведување на заеднички обуки, креирање заеднички став и консолидирано изјаснување кон актуелни регулативи од взаемен интерес, размена на информации за можни предавачи на едукативните настани организирани од страна на двете договорни страни. Взаемно почитување и унапредување на меѓусебните односи и соработка.

Во рамките на оваа соработка, ИОРРМ ќе врши признавање до 8 часови Континуирано професионално усовршување (КПУ), на годишно ниво, за обуки организирани од страна на ИОРРМ во соработка со ЗВРМ за членовите (овластени ревизори).

Токму во април 2019 година е планиран првиот заеднички настан за кој подготовките се во тек и врвни професионалнци предавачи од соседните земји го потврдија своето присуство. Во текот на еднодневниот настан се планира и панел дискусија на која ќе бидат учесници професионалци, експерти од различни подрачја, кои ќе имаат можност да одговорат на прашањата за предизвиците во ревизијата. Сите членови на ИОРРМ и ЗВРМ се покануваат да земат учество на овој настан, за кој подетална агенда ќе биде пратена во текот на месец февруари 2019 година.

Меморандумот за соработка го потпишаа претседателот на ИОРРМ, г-дин Драган Димитров и претседателката на ЗВРМ, г-ѓа Билјана Секуловска.

19.10.2017

Договор за соработка помеѓу Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

На 18 октомври 2017 година, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпишаа Договор за соработка, со кој што оквирно ги утврдуваат заедничките активности поврзани со сметководствената и ревизиската професија, со цел развој на двете професии и заеднички интерес на своите членови.

Договорот предвидува соработка во неколку области: соработка меѓу двата институти во преведување на релевантните меѓународни стандарди и Кодексот за етика на професионални сметководители на IFAC; соработка во приближување на сметководствените и ревизиските информации со практични решенија; размена на информации и искуства при организација на проверка на знаењето од областа на законската регулатива во Република Македонија и меѓународните стандарди кои што се релевантни за двете професии; унапредување на меѓусебните односи и соработка на подрачјето на едукативните програми, конференции, обуки; соработка на заеднички проекти, стручни публикации и прирачници.

Во рамките на оваа соработка, Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија се обврзува на своите членови да им ги признае часовите за Континуирано професионално усовршување (КПУ) остварени со присуство на настаните за КПУ организирани од страна на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија за своите членови (овластени ревизори), за што ИОРРМ издава соодветна потврда.

Договор го потпишаа претседателката на ИСОС, м-р Ленче Папазовска и претседателот на ИОРРМ, Борислав Атанасовски, а на свечениот настан присуствуваа и Орхан Рамадани, член на Управниот одбор на ИСОС, Драган Митковски, претседавач на Собранието на ИСОС, како и Љубе Ѓорѓиевски, Драган Димитров, Крсто Несторов и Стојан Јорданов, членови на Управен одбор на ИОРРМ.

22.11.2016

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Универзитетот Американ колеџ Скопје потпишаа договор за академска соработка. Договорот има за цел страните да соработуваат за создавање на можност за формирање на испитен центар на “Association of Chartered Certified Accountants” (ACCA) во Македонијa како и соработка на полето на обуката, продлабочување на знаењата и разменување на искуства за истражувањата и развојните процеси од заеднички интерес.

26.08.2016

Почитувани,

На 17 август 2016 година, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Здружението на овластени сметководители и ревизори на Косово (SCAAK). Договорот предвидува соработка во неколку области:

  • Спроведување на акциските планови за подобрување на усогласеноста со стандардите на IFAC.
  • Обука за членовите на двете организации.
  • Спроведување на контрола на квалитет на ревизорските услуги.
  • Други прашања од заеднички интерес.

15.02.2013

На 15 февруари 2013 година, Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) потпиша Меморандум за соработка со Комората на ревизори на Република Азербејџан.

Контрола на квалитет

25.08.2009

На 25 мај 2010 година, Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) потпиша Договор за партнерство со францускиот конзорциум составен од Compagnie Nationale Des Commissaires Aux Comptes - CNCC и Consel Superieur de l'Ordre Des Experts Comptables – CSOEC. Договорот за партнерство предвидува соработка во три области:

  • Официјална поддршка од страна на Францускиот конзорциум во барањето на ИОРРМ за членство во МФС (IFAC).
  • Продолжување на соработката во спроведување на системот за контрола на квалитет кој беше воспоставен во 2009 година.
  • Пренесување и размена на искуства во текот на развојот на акцискиот план како што е предложен до МФС.

      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive