map мапа contact контакт contact форум contact ONLINE ПРЕДАВАЊА
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
меморандуми
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
  Институт на Овластени Ревизори

Aктуелни соопштенија:

Покана за пријава на учество на предавања за КПУ што ќе се одржат на 28 и 29 ноември 2019 година, во Хотел Холидеј Ин - Скопје

Повик за пријавување на интерес за координатор за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор - Обновен

Годишна програма за Континуирано професионално усовршување за 2019 година

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2019 година

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Ул. 11 Октомври
бр. 52А/1 - 3
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349
Е-пошта: contact@iorrm.org.mk

 
wcoa
 
wcoa
 

 
   

25.10.2019


ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

Објавува

Повик за пријавување на интерес за координатор за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор - Обновен

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија објавува оглас за пријавување на интерес за координатор за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор, за испитната сесија декември 2019 година.

1. Координаторот ќе ги извршува следните активности:

  • Организирање и координирање на изборот на прашања за испитот.
  • Организирање и координирање на оценувањето за испитот.
  • Соработка со Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
  • Изготвување на извештај за спроведениот испит кој се доставува до Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.

Координаторот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои имаат искуство од областа на спроведување на професионални или академски испити, и оние кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 01 ноември 2019 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

07.10.2019


Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година)


ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

Објавува

Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор. Во периодот од 16 до 27 декември 2019 година ќе се полагаат следните испити:

НИВО 1: НИВО 2:
1. Ревизија 1 5. Управување со финансии
2. Финансиско сметководство 6. Ревизија 2
3. Законска регулатива 7. Финансиско известување
4. Управувачко сметководство 8. Корпоративно управување и етика

Сите заинтересирани кандидати кои за прв пат се пријавуваат за полагање на испитот, треба да го достават следното:

Документите треба да се поднесат најдоцна на 18 октомври 2019 година, на адреса ИОРРМ Скопје, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите да го полагаат испитот за стекнување звање ревизор треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во испитната сесија декември 2019 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на Институтот во делот Испити. Рокот за уплата на надоместокот за полагање на испит е до 13 ноември 2019 година..

Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599 и на веб страната на ИОРРМ www.iorrm.org.mk.

07.10.2019


ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)

Објавува

Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор, за испитната сесија декември 2019 година.

1. Координаторот ќе ги извршува следните активности:

  • Организирање и координирање на изборот на прашања за испитот.
  • Организирање и координирање на оценувањето за испитот.
  • Соработка со Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
  • Изготвување на извештај за спроведениот испит кој се доставува до Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.

Координаторот треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои имаат искуство од областа на спроведување на професионални или академски испити, и оние кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

2. Оценувачите се очекува да оценуваат испитни тетратки за следните делови на испитот за стекнување звање ревизор:

- Управувачко сметководство - Ревизија 2
- Финансиско сметководство - Финансиско известување
- Законска регулатива - Управување со финансии
- Ревизија 1 - Корпоративно управување и етика

Оценувачите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 14 октомври 2019 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

11.03.2019


ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ)ОБЈАВУВА

Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) објавува оглас за пријавување на интерес за подготвувачи на испитни прашања за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
Подготвувачи на испитни прашања се очекува да подготват испитни прашања за следните делови на испитот за стекнување звање овластен ревизор:

  • Законска регулатива
  • Управување со финансии
  • Корпоративно управување и етика

Од кандидатите за подготвувачи на испитни прашања треба да ги поседува следните квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на економските науки.
  • Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
  • Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).

Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРМ.

Сите заинтересирани лица треба најдоцна до 20 март 2019 година, да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ


14.03.2017

Врз основа на член 27-в од Законот за ревизија (“Службен весник на Република Македонија” бр.158/10, 135/11, 188/13, 43/14, 138/14,145/2015, 192/2015 и 23/2016) и согласно член 6 и 7 од Правилникот за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување звање ревизор, Институтот на овластени ревизори на Република Македонија објавува


ПОКАНА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЕДУКАТОРИ (ОБНОВЕНО)

За спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) ги поканува сите заинтересирани лица кои имаат универзитетско образование и работно искуство од десет години од област за која имаат интерес да држат обука и да подготвуваат прашања и/или задачи, или се признати стручњаци од земјата и странство од праксата во соодветната област да достават Писмо за интерес за Едукатор за обука за предметите од наставната програма за полагање на испитот за стекнување звање ревизор.
Обуката ќе се држи по следните предмети/области:

1) Прв дел (теоретски дел), со кој што се проверува теоретското знаење на кандидатите,
1) Ниво 1:
а) Финансиско сметководство,
б) Ревизија 1,
в) Управувачко сметководство,
г) Законска регулатива во Република Македонија (даночен систем, деловно право, трговски друштва, хартии од вредност, ревизија и облигациони односи)
2) Ниво 2:
а) Финансиско известување,
б) Ревизија 2,
в) Корпоративно управување и етика и
г) Управување со финансии.
2) Втор дел (практичен пример), со кој што се проверува способноста за примена на законите во практиката:
а) Финансиско сметководство,
б) Ревизија 1,
в) Финансиско известување,
г) Ревизија 2.

Структурата на стручниот испит е уредена во член 8, 17 и 18 од Правилникот за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување звање ревизор, објавен на веб страната на ИОРРМ www.iorrm.org.mk .

Правата, обврските и одговорностите на едукаторите се уредени со Законот за ревизија и Правилникот за начинот и постапката на полагање на испитот за стекнување звање ревизор.

Со Писмото за интерес заинтересираните лица треба да ги доставaт следните документи: куса биографија, доказ за завршено високо образование од областа на економските, правните науки или друго соодветно образование и доказ за работно искуство од десет години од област за која имаат интерес да држат обука. Пожелно e заинтересираните лица да поседуваат лиценца за овластен ревизор.

Доколку лицето е заинтересирано за повеќе области, за секоја област треба да достави посебно писмо за интерес.

Писмото за интерес заедно со потребните документи се доставуваат во архивата на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје најдоцна на 08 мај 2017 година. Документите се доставуваат во оригинал или како копија заверена на нотар.

За сите дополнителни информации може да се обратите на телефон: (02) 3227 599 или на е-пошта: gensec@iorrm.org.mk .

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ


      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive