map мапа contact контакт contact форум contact ONLINE ПРЕДАВАЊА
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
меморандуми
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
најнови
  Институт на Овластени Ревизори




Aктуелни соопштенија:

Меморандум за соработка помеѓу Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и Државниот завод за ревизија (ДЗР)

Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

Повик за пријавување на интерес за координатор и оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2020 година

Годишна програма за Континуирано професионално усовршување за 2020 година

Известување во врска со закажаната 27-ма седница на Собранието на ИОРРМ

Известување за склучен договор со ACCA - промоција за запишување на нови кандидати на ACCA

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Ул. 11 Октомври
бр. 52А/1 - 3
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349
Е-пошта: contact@iorrm.org.mk

 
wcoa
 
wcoa
 

 
   

17.06.2020

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2020 година

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) објавува повик за пријавување на интерес за одржување на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2020 година.

Согласно околностите наметнати со пандемијата на COVID – 19, во 2020 година предвидено е да се одржат и он-лајн предавања. Годишната програма за КПУ за 2020 година е објавена на веб страната на ИОРРМ во делот КПУсовршување.

Ве молиме доколку сте заинтересирани за одржување на предавање за одредени теми од Годишната програма за КПУ за 2020 година, најдоцна до 01 јули 2020 година, да доставите предлог со куса програма и времетраење на предавањето, на е-пошта gensec@iorrm.org.mk. Датумите за одржување на предавањата ќе бидат дополнително утврдени во договор со предавачите.

Повикот за пријавување интерес за одржување предавања за КПУ се однесува на физички и правни лица. Во случај кога интересот го изразува правно лице, ве молиме да доставите информација за лицата кои ќе бидат ангажирани како предавачи.

 

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ

 
 

20.03.2020

Почитувани,

Во врска со новонастанатата состојба во земјата, Владата на РСМ донесе повеќе препораки и мерки за спречување на ширење на КОВИД-19, меѓу кои е и следното - Да се прекине со работа и да се затворат сите институции каде што може да се одржуваат масовни собири, настани или концерти и други културно – информативни настани, односно целосна забрана за одржување и организирање на секаков вид на јавни приватни собири, без оглед на обемот и бројот на учесници за време на овој период.

Следејќи ги сите препораки и мерки на Владата на РСМ, Ве известуваме дека се одложува одржувањето на 27-седница на Собранието на ИОРРМ, која беше закажана за 26 март 2020 година во 14 часот, се додека не се обезбедат услови за организирање на седницата, за што ќе бидете дополнително известени.

 

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ

 
 

16.03.2020

Почитувани,

Согласно препораките на Владата на РСМ во врска со епидемиолошката состојба во земјата, канцеларијата на ИОРРМ е со редуциран персонал. Во периодот од 16.03.2020 па понатаму, канцеларијата ќе биде без постојано присутен персонал, но електронската комуникација ќе се одвива редовно.

 
 

12.03.2020

Почитувани,

Во текот на изминатите неколку дена, на социјалната мрежа Facebook се појавија објави со дезинформации и невистини за работењето и делувањето на ИОРРМод страна на лице кое што се обидува да наштети на угледот на Институтот и на ревизорската професија.

Затоа Ве известуваме вака пласираните информации да ги земете со резерва, за да се спречи непотребно ширење на дезинформации и нарушување на угледот на професијата.

Доколку добиете сознанија за други објави на дезинформации од различни страни и извори, Ве молиме да го известите ИОРРМ. 

 
 
Со почит,       
Драган Димитров
Претседател на ИОРРМ 

05.03.2020

Покана за учество на 27-та седница на Собранието на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) ,

 Почитувани,                      

 

Ве известуваме дека 27-та седница на Собранието на ИОРРМ ќе се одржи на 26 март 2020 година (четврток) во 14.00 часот, во просториите на Економски факултет – Скопје (точната просторија ќе биде дополнително објавена).

Предлог дневен ред за седницата:

1.    Усвојување на Записникот од 26-та седница на Собранието на ИОРРМ.

2.    Усвојување на Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2019 година.

3.    Разгледување на Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2019 година.

4.    Усвојување на Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2019 година, и извештајот на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2019 година:

А. Годишна сметка на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2019 година.

Б. Извештај на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2019 година.

5.    Избор на ревизор на финансиските извештаи на ИОРРМ за 2020, 2021 и 2022 година.

6.    Потврдување на Одлука за разрешување на член на Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор и Одлука за назначување на член на Комисијата за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор

Како членови на ИОРРМ, доколку имате предлози за изменување и дополнување на предлог дневниот ред или материјалите за точките од предлог дневниот ред, истите можете да ги доставите до генералниот секретар на ИОРРМ на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна до 20 март 2020 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Ве молиме, најдоцна на 23 март 2020 година, да го потврдите присуството на 27-та седницата на Собранието на е-пошта: contact@iorrm.org.mk.

 
 
Со почит,       
Драган Димитров
Претседател на ИОРРМ 

29.01.2020

Почитувани членови на ИОРРМ,

Почитувани членови на ИОРРМ,

Ве известуваме дека ИОРРМ склучи договор со ACCA, со кој што на членовите на ИОРРМ им се дава можност да се запишат за полагање на испитите на ACCA, со промотивни финансиски услови кои важат до 31 март 2020 година (регистрацијата е пожелно да се направи најдоцна на почетокот на месец март 2020 година заради административна постапка на ACCA). Промоцијата важи само за запишување на нови кандидати (членови на ИОРРМ) за полагање на испитите на ACCA.

Следи изворната информација/понуда на ACCA, а на следниот линк може да ги прочитате инструкциите дадени од ACCA (Упатство со инструкции). Сите потребни документи во постапката кои што треба да ги издаде ИОРРМ, ќе Ви бидат обезбедени на Ваше барање.

 

 

Dear Madam,

Dear Sir,

Following the excellent collaboration between ACCA (the Association of Chartered Certified Accountants) and ICARM (Institute of certified Auditors of the Republic of Macedonia) we are pleased to be able to bring to your attention the special offer for ICARM members. As a member of the ICARM you’ll be able to benefit of reduced fees for the initial registration, first three exemptions (if they are awarded to you) and first year subscription fee, if you register as an ACCA student before March 31st 2020.

Please find attached a guide that can help you in the registration process.

The only fee you need to pay during registration is the initial registration fee (30 £). If you are awarded any exemptions from our exams, the fees for the exemptions will be added in your MY ACCA account (your account will be activated at registration).

Please check in our exemptions database at this link - https://www.accaglobal.com/gb/en/student/getting-started/exemptions.html

For registration please submit study documents (diploma and transcript – original and translated) for any degrees you might have (Bachelors or/and Master). The awarded exemptions will be confirmed by our UK colleagues after reviewing the documents you submit through our online application process. Besides your study documents, you will need to upload an ID and in case the name on the ID doesn't match the name on the study documents, please upload also a copy of the marriage certificate.

Please be reminded that by using the discount code during your registration process, you can benefit from the following discounts:

 

Fee name

Normal fee

Discounted fee

Initial Registration

£79

£30

Exemption fee (AB -FA)*

£80/ paper

£40/ paper

First subscription fee

£105/ year

£55/year

 

 

 

 

* AB-FA are abbreviations of ACCA Qualification exams. Please find the full structure of the qualification here: https://www.accaglobal.com/gb/en/qualifications/glance/acca/how.html

 Below we are enclosing a few links with useful information about ACCA:?

                      General information on Getting started with ACCA http://www.accaglobal.com/gb/en/student/getting-started.html 

                      How to apply online to become an ACCA Student http://www.accaglobal.com/gb/en/qualifications/apply-now.html

                      Structure of the ACCA Qualification : http://www.accaglobal.com/gb/en/qualifications/glance/acca/overview.html

                      Registration to exams  http://www.accaglobal.com/gb/en/student/exam-entry-and-administration.html 

                      Fees http://www.accaglobal.com/gb/en/qualifications/accountancy-career/fees.html 

                      Study Options http://www.accaglobal.com/gb/en/student/your-study-options.html

ACCA South-Eastern Europe

The Association of Chartered Certified Accountants

E-mail: accasee@accaglobal.com

Connect with ACCA members on the 'ACCA official members' LinkedIn group

Follow us on Twitter @ACCANews

 

Со почит,

ИОРРМ


Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ

12.12.2019

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) ќе спроведе електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2019 година. Настаните за КПУ се во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2019 година. Предавањето ќе биде отворено во период од 16 до 30 декември 2019 година. Во предавањето се вклучени следните презентации:

  1. МСФИ 15 – Договори со купувачи – следува голема промена
  2. Генерален преглед на главните промени на МСР во дадениот период (МСР 230 - Ревизорска документација, МСР 320 - Материјалност во планирање и извршување на ревизијата, МСР 500 - Ревизорски доказ, МСР 530 - Метода на примерок на ревизијата, МСР 620 - Користење на работата на експерт на ревизорот)
  3. Трансферни цени – прва примена
  4. Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 27 декември 2019 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk . Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое што се признаваат 8 часа КПУ за 2019 година, изнесува 7.000,00 денари по лице. Предавањето може да го проследите на следниот линк http://www.iorrm.org.mk/najava.aspx . Откако ќе се регистрирате, за сите следни чекори ќе бидете известувани на е-маил адресата со која што ќе се регистрирате. За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599.

    Со почит,
    Драган Димитров
    Претседаттел на ИОРРМ

05.06.2019

Почитувани,

Ве известуваме дека 26-та седница на Собранието на ИОРРМ која што беше закажана за 31 мај 2019 година не се одржа заради неостварен кворум за работа. Седницата се презакажува за 07 јуни 2019 година (петок), во 14.00 часот, и ќе се одржи во Амфитеaтар 2, Економски факултет - Скопје. Согласно член 22 од Статутот на ИОРРМ, на седницата ќе се одлучува по точките од предлог дневниот ред за првобитно закажаната седница.

Ве молиме, да го потврдите присуството на 26-та седница на Собранието на ИОРРМ на е-пошта:contact@iorrm.оrg.mk .

Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ

10.05.2019

Почитувани,

Ве известуваме дека 26-та седница на Собранието на ИОРРМ ќе се одржи на 31 мај 2019 година (петок) во 13.30 часот, во хотел Холидеј Ин, Скопје, сала Милениум 1.

Предлог дневен ред за седницата:

  1. Избор на членови на Работна група за спроведување на избор на членови на комисиите и органите на ИОРРМ.
  2. Избор на членови на комисиите и органите на ИОРРМ. Список на членови на органи и комисии на ИОРРМ на кои им мандатот им истекува во јуни 2019
  3. Усвојување на Записникот од 25-та седница на Собранието на ИОРРМ.
  4. Усвојување на Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2018 година, и извештајот на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2018 година:
  5. Усвојување на резултатите од изборот на членови на комисиите и органите на ИОРРМ.

Како членови на ИОРРМ, доколку имате предлози за изменување и дополнување на предлог дневниот ред или материјалите за точките од предлог дневниот ред, истите можете да ги доставите до генералниот секретар на ИОРРМ на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна до 20 мај 2019 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок нема да бидат земени предвид. По однос на точка 2 од предлог дневниот ред, предлозите за избор на нови членови на органите и комисиите на ИОРРМ, поддржани од 5 членови (овластени ревизори) на ИОРРМ, и со приложена кратка биографија на предложеното лице, се доставуваат до генералниот секретар на ИОРРМ, на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна на 20 мај 2019 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок, како и предлози за лица на кои им е изречена дисциплинска мерка од страна на ИОРРМ или СУНРРМ, нема да бидат земени предвид. Списоците на членови на кои им истекува мандатот ќе бидат достапни на веб страната на ИОРРМ како материјал за точка 2 од предлог дневниот ред, како и списоци на лицата предложени за членови на комисиите и органите на ИОРРМ заедно со нивна кратка биографија.
Ве молиме, најдоцна на 27 мај 2019 година, да го потврдите присуството на 26-та седницата на Собранието на е-пошта: contact@iorrm.org.mk.

Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ

22.03.2019

Почитувани,

Ве известуваме дека 25-та седница на Собранието на ИОРРМ која што беше закажана за 21 март 2019 година не се одржа заради неостварен кворум за работа. Седницата се презакажува за 28 март 2019 година (четврток), во 15.00 часот, и ќе се одржи во Амфитеaтар 2, Економски факултет - Скопје. Согласно член 22 од Статутот на ИОРРМ, на седницата ќе се одлучува по точките од предлог дневниот ред за првобитно закажаната седница.

Во прилог испраќаме предлог дневен ред и покана за презакажаната седница на Собранието на ИОРРМ. Материјалите се објавени на веб страната на ИОРРМ во делот Соопштенија.

Ве молиме, да го потврдите присуството на 25-та седница на Собранието на ИОРРМ на е-пошта: contact@iorrm.оrg.mk .

Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ

19.04.2019

Здружението на Внатрешни ревизори на Македонија и Институт на овластени ревизори на Република Македонија

Ве покануваат на заедничкиот настан

JOURNEY TO AUDIT CHALLENGES
ВО ЧЕКОР СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА РЕВИЗИЈАТА

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да бидете учесник на заедничкиот настан организиран од страна на Здружението на внатрешни ревизори – IIA Macedonia и Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ICARM), со наслов The Journey to Audit Challenges / Во чекор со предизвиците на ревизијата.

Со учество на настанот ИОРРМ и ЗВРМ признаваат 8 часа КПУ за 2019 година.

Настанот ќе се одржи на 19 април 2019 година во Holiday Inn во Скопје и ќе опфати актуелни теми кои се однесуваат на:

  • COSO интегрираната рамка за интерни контроли
  • Kорелацијата помеѓу внатрешната ревизија, високиот менаџмент и Одборот за ревизија
  • Кодексот на Етика како професионална водилка на внатрешните и надворешните ревизори
  • Панел дискусијата на тема “Квалитетот на финансиското известување и Интерните контроли –Уверување помеѓу Менаџментот, Интерната и Екстерната Ревизија”

За повеќе информации, разгледајте ја брошурата во прилог :
Брошура (мак)
Брошура (eng)
Агенда (мак)
Агенда (eng)

Контактирајте нe на следниве информации:
075 233 448 071 378 276
contact@aiam.org.mk
conference@aiam.org.mk
contact@iorrm.org.mk
www.aiam.org.mk
www.iorrm.org.mk

15.03.2019

Известување за регистрирање на посебниот дел на веб страната на ИОРРМ за членови на ИОРРМ

Почитувани членови на ИОРРМ,

Ве известуваме дека на веб страната на ИОРРМ е креиран посебен дел за членовите на ИОРРМ. Во овој дел ќе бидат поставувани информации што се однесуваат само на членовите на ИОРРМ, односно постепено дел од постојните содржините ќе бидат пренесени во овој дел, но редовно (по потреба) ќе бидат додавани и нови содржини.

Предлог дневен ред за седницата:

  1. За да пристапите на овој посебен дел, треба да кликнете на банерот на главната веб страна (даден на сликата подолу).
    wcoa
  2. Прво секој посетител (член на ИОРРМ) треба самиот да си креира профил на линкот Регистрирај се!
    Ве молиме да внимавате на користење на латична/кирилична поддршка при внесување на лозинката, бидејќи по регистрацијата можете да се најавувате само доколку ја внесете лозинката онака како што е напишана при регистрацијата.
  3. Откако ќе ги внесете бараните информации се појавува пораката
    Успешно креиравте корисничка сметка. По проверка на веродостојност на информациите вашиот профил ќе биде активиран од страна на ИОРРМ!
  4. Откако ќе биде одобрен профилот, членот може да се најави на порталот.
  5. Доколку се наоѓате на посебниот дел од веб страната, може да преминете на главната веб страна доколку одберете мени Почетна, и го кликете следниот банер (лево на екранот)

Ве молиме да не контактирате доколку ви се потребни дополнителни информации.

Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРМ

28.02.2019

Покана за учество на 25-та седница на Собранието на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ)

Почитувани,

Ве известуваме дека 25-та седница на Собранието на ИОРРМ ќе се одржи на 21 март 2019 година (четврток) во 14.00 часот, во просториите на Економски факултет – Скопје, Амфитеатар 2.

Предлог дневен ред за седницата:

  1. Усвојување на записникот од 24-та седница на Собранието на ИОРРМ.
  2. Усвојување на Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2018 година.

Како членови на ИОРРМ, доколку имате предлози за изменување и дополнување на предлог дневниот ред или материјалите за точките од предлог дневниот ред, истите можете да ги доставите до генералниот секретар на ИОРРМ на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна до 12 март 2019 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Предлог за дополнување на дневниот ред за 25-та седница на Собранието на ИОРРМ, доставен од Николаки Миов

Ве молиме, најдоцна на 15 март 2019 година, да го потврдите присуството на 25-та седницата на Собранието на е-пошта: contact@iorrm.org.mk.

Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ

17.12.2018

Покана за учество на 24-та седница на Собранието на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ)

Почитувани,

Ве известуваме дека 24-та седница на Собранието на ИОРРМ која што беше закажана за 14 декември 2018 година не се одржа заради неостварен кворум за работа. Седницата се презакажува за 21 декември 2018 година (петок), во 13.00 часот, и ќе се одржи во Амфитеaтар 2, Економски факултет - Скопје. Согласно член 22 од Статутот на ИОРРМ, на седницата ќе се одлучува по точките од предлог дневниот ред за првобитно закажаната седница.

Ве молиме, да го потврдите присуството на 24-та седница на Собранието на ИОРРМ на е-пошта: contact@iorrm.оrg.mk .

Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ

08.11.2018

Покана за пријава на учество на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) што ќе се одржат на 28, 29 и 30 ноември 2018 година, во просториите на Хотел Холидеј Ин, Скопје
(28.11 – 30.11.2018 година)

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ ќе ја спроведе третата група на настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2018 година, согласно член 28 од Законот за ревизија. Настаните за КПУ се во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2018 година.

На следниот линк можете да најдете Распоред на настаните што ќе се одржат на 28, 29 и 30 ноември 2018 година, во просториите на Хотел Холидеј Ин, Скопје.

Цената за посетување на настаните е 2.000,00 денари на ден за едно лице.

Ги повикуваме сите заинтересирани овластени ревизори да го пријават своето учество на настаните, најдоцна до 22 ноември 2018 година, на е-пошта contact@iorrm.org.mk. Уплатата за посетување на настаните треба да се изврши најдоцна до 23 ноември 2018 година, и тоа на фактура по Ваше барање или на следниот начин:

Цел на дознака: Уплата за КПУ за датум(и) на настанот за Име и презиме на учесникот;
Назив на примачот: ИОРРМ Скопје
Банка на примачот: Стопанска банка ад Скопје;
Сметка: 200001330719615

Материјали: При пријавување за учество на настаните, Ве молиме задолжително да не известите доколку сте заинтересирани за печатен материјал.

Со почит,
Драган Димитров
Претседаттел на ИОРРМ

12.09.2018

Покана за учество на Работилница 1 на тема „Планирање на ревизијата и идентификување на ризици“ и Работилница 2 на тема „ Извршување на ревизорски постапки “

Почитувани,

Ве известуваме дека Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) повторно ќе ги спроведе следните работилници:

1. Работилница 1 (на 15 и 16 октомври 2018 година) – ‘Планирање на ревизијата и идентификување на ризици’.


Покана за Работилница 1 Програма за Работилница 1

2. Работилница 2 (на 17 и 18 октомври 2018 година) – ‘Извршување на ревизорски постапки’. Покана за Работилница 2 Програма за Работилница 2


Покана за Работилница 1 Програма за Работилница 1

Во Поканата и Програмата за двете работилници може да најдете повеќе информации. Надоместокот за присуство за секоја работилница посебно изнесува 6.000,00 денари по учесник за два дена.

Рок за пријавување на учество е 02 октомври 2018 година, на е-пошта contact@iorrm.org.mk , при што ќе наведете за која работилница се пријавувате. Може да пријавите учество и на двете работилници. Бројот на учесници е ограничен, како што е наведено во поканата.

Напомена. Работилниците ќе се одржат само доколку има доволен број на пријавени слушатели

Со почит,

Борислав Атанасовски
Претседател на ИОРРМ

26.02.2018

Покана за Работилница на тема „ Извршување на ревизорски постапки “ што ќе се одржи на 22 и 23 март 2018 година

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ) организира работилница на тема „Планирање на ревизијата и идентификување на ризици“ каде што преку обработка на студија на случај ќе бидат вклучени следните области:

  • Ревизорски постапки за приходи;
  • Ревизорски постапки за набавки
  • Ревизорски постапки за плати
  • Ревизорски постапки за пари и готовина
  • Ревизорски постапки за останати процеси
  • Ревизорски постапки за метода на примерок
  • Завршни ревизорски постапки
  • Континуитет – практичен случај

Работилницата ќе се одржи на 22 и 23 март 2018 година, од 09.00 до 17.00 часот, во просториите на Економски факултет - Скопје.

Цел на работилницата. Спроведување на обука за практична примена на Меѓународните стандарди за ревизија (МСР) која што ќе им помогне на ревизорите во мали и средни ревизорски друштва и кај овластени ревизори - трговци поединци да развијат ревизорски алатки што ќе ги применуваат во праксата за документирање на спроведувањето на ревизорски процедури и постапки.

Целна група на слушатели. Ревизори вработени во мали и средни ревизорски друштва и кај овластени ревизори - трговци поединци, кои што имаат одредено искуство во ревизијата, во група од минимално 15 лица до максимално 25 лица.

Предавачи. Гоце Христов, Ненад Ранѓеловиќ, Милена Јованова и Костадин Пецев, овластени ревизори, членови на ИОРРМ.

Признаени часови за КПУ. На овластени ревизори кои ќе присуствуваат на работилницата ќе им бидат признаени 16 часа КПУ за 2018 година.

Рокот за пријавување на присуство е 12 март 2018 година на е-пошта contact@iorrm.org.mk. Надоместокот за присуство на работилницата изнесува 6.000,00 денари по учесник за два дена. Уплатата треба да се изврши најдоцна до 15 март 2018 година.

Напомена. Работилницата ќе се одржи само доколку има доволен број на пријавени слушатели.

Со почит,

Борислав Атанасовски
Претседател на ИОРРМ

21.12.2017

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ ќе спроведе електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2017 година. Настаните за КПУ се во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2017 година.

Предавањето ќе биде отворено во период од 22 декември 2017 година до 5 јануари 2018 година. Во предавањето се вклучени следните три презентации:

1. МСФИ 15 - Приходи од договори со клиенти

2. МСР 250 - Разгледување на законите и прописите во ревизијата на финансиските извештаи; МСР 300 - Планирање на ревизијата на финансиски извештаи; МСР 330 - Одговори на ревизорот на проценетите ризици и МСР 520 - Аналитички постапки (согласно барањата на МСР 315)

3. Кодекс на етика на МФС за професионални сметководители - NOCLAR и новите предизвици пред ревизорската професија

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 29 декември 2017 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk . Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое што се признаваат 8 часа КПУ за 2017 година, изнесува 7.000,00 денари по лице.
Предавањето може да го проследите на следниот линк http://www.iorrm.org.mk/najava.aspx . Откако ќе се регистрирате, за сите следни чекори ќе бидете известувани на е-маил адресата со која што ќе се регистрирате.
За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на 3227 599.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ

27.12.2012

Доделување на бесплатен примерок на ЦД МСР 2009 година.

Почитувани членови на ИОРРМ,

Ве известуваме дека Управниот одбор на ИОРРМ донесе Одлука за доделување на бесплатен примерок на ЦД-то МСР 2009 година за сите членови на Институтот. Членовите ЦД-то можат да го подигнат во просториите на Институтот, секој работен ден.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ




19.12.2011

Доделување на бесплатен примерок на ЦД МСФИ 2009 година.

Почитувани членови на ИОРРМ,

Ве известуваме дека Управниот одбор на ИОРРМ донесе Одлука за доделување на бесплатен примерок на ЦД-то МСФИ 2009 година за сите членови на Институтот. Членовите ЦД-то можат да го подигнат во просториите на Институтот, секој работен ден.

Со почит,
Борислав Атанасовски
Претседаттел на ИОРРМ

08.06.2010

2009 Macedonian IFRS CD - Меѓународни стандарди за финансиско известување (IFRS ®) МСФИ Официјални објави како што беа издадени на 1 јануари 2009 година
Опис

Меѓународни стандарди за финансиско известување 2009 е единственото официјално издание на консолидираниот текст на авторитативните објави на ОМСС.

Овој диск ја претставува последната верзија на Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ), Меѓународните сметководствени стандарди (МСС), КТМФИ и ПКТ Толкувања и поткрепувачки документи—илустративни примери, упатства за воспоставување, основи за заклучоци и спротивни мислења—како што беа издадени од ОМСС на 1 јануари 2009 година.

Датум на издавање: мај 2010 година
ISBN: 978-608-65124-1-5
Цена: 5.900,00 денари

Пријави интерес преку е-пошта или на тел. 02 3227 599

      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive