map мапа contact контакт contact форум contact ONLINE ПРЕДАВАЊА
EN
организација
прописи
акти
регистри
соопштенија
меморандуми
континуирано професионално усовршување
испит
огласи
линкови
најнови
  Институт на Овластени Ревизори




Aктуелни соопштенија:

Покана за заеднички настан на ИОРРМ и Комората на проценувачи - 16 и 17 јули 2020 година (КПУ настан)

Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2020 година

Годишна програма за Континуирано професионално усовршување за 2020 година

Известување во врска со закажаната 27-ма седница на Собранието на ИОРРМ

Покана за учество на 27-та седница на Собранието на ИОРРМ

Известување за склучен договор со ACCA - промоција за запишување на нови кандидати на ACCA

msc

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Ул. 11 Октомври
бр. 52А/1 - 3
1000 Скопје
Р. Македонија

Телефон: (02) 3227-599
Телефакс: (02) 3296-349
Е-пошта: contact@iorrm.org.mk

 
wcoa
 
wcoa
 

 
   
ЗА ИНСТИТУТОТ
На 27.05.2006 година, се одржа основачко собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ).На основачкото Собрание беше изгласан Статутотна Институтот и беше избран претседателот на Институтот, г-дин Антонио Велјанов, овластен ревизор. Истотака, беа избрани и членовите на Управниот одбор, Надзорниот одбор и комисиите на Институтот. Заради промовирање на високи професионални стандарди и за подобрување на квалитетот на ревизорските услуги, овластените ревизори се здружуваат во ИОРРМ на овластени ревизори како професионално коморско здружување.Членови на ИОРРМ се ревизори, овластени ревизори, друштва за ревизија и овластени ревизори - трговци поединци.Надлежностите на ИОРРМ се утврдени со Законот за ревизија, Статутот и други акти на ИОРРМ. Институтот ги има следните надлежности, задачи и цели:
  1. Води Регистар на ревизори, Регистар на овластени ревизори, Регистар на друштва за ревизија, Регистар на овластени ревизори-трговци поединци и Регистар на трајно одземени лиценци;
  2. Донесува програма за полагање на испит за стекнување на звањето ревизор и спроведува испит за стекнување на звањето ревизор;
  3. Издава уверение за ревизор;
  4. Пропишува форма и содржина на уверението за ревизор;
  5. Ги разгледува и одлучува по барањата за признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство, врз основа на правила и постапки пропишани од Институтот и организира проверка на знаењето од областа на законската регулатива при признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство;
  6. Организира и спроведува континуирано професионално усовршување;
  7. Ја следи примената на МСР и Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC кај друштвата за ревизија и кај овластените ревизори - трговци поединци;
  8. Ги промовира МСР и Кодексот на етика за професионални сметководители на IFAC;
  9. Ги преведува и ги објавува во „Службен весник на Република Северна Македонија” Меѓународните стандарди за ревизија, Меѓународните стандарди за контрола на квалитетот и Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC;
  10. Покренува дисциплинска постапка и изрекува мерки на членовите поради повреда на МСР, актите на Институтот и на Кодексот на етика за професионалните сметководители на IFAC;
  11. Донесува тригодишна и годишна програма за контрола над членовите на Институтот;
  12. Спроведува контрола на квалитетот над членовите на Институтот;
  13. Го известува Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РМ (во понатамошниот текст Советот) за изречените мерки од спроведената контрола на друштвата за ревизија и/или овластените ревизори - трговци поединци и овластените ревизори;
  14. Донесува Тарифник за висината на членарината и надоместоците што ги наплатува;
  15. Донесува Правилник за признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство;
  16. Донесува Правилник за содржината на Регистарот на ревизори, Регистарот на овластени ревизори, Регистарот на друштва за ревизија, Регистарот на овластени ревизори-трговци поединци и Регистарот на трајно одземени лиценци;
  17. Донесува програма за обука на овластени ревизори кои спроведуваат контрола и издава сертификати за завршена обука;
  18. Презема активности согласно со насоките дадени од Советот кои се неопходни и соодветни за промовирање на високите професионални стандарди меѓу друштвата за ревизија и овластените ревизори и за подобрување на квалитетот на ревизорските услуги што тие ги нудат;
  19. Донесува годишна програма за работа најдоцна до 15 јануари во тековната година;
  20. Донесува годишен извештај за својата работа најдоцна до 31 март во тековната година за претходната година;
  21. Донесува Правилник за начинот и постапката за утврдување на повредите и за дисциплинските мерки на членовите на Институтот;
  22. Формира дисциплинска и други комисии;
  23. Донесува годишен извештај за наодите од извршените контроли;
  24. Издава билтен и ги ажурира информациите објавени на веб страницата на Институтот;
  25. Предлага двајца овластени ревизори за членови на Советот;
  26. Иницира соработка со професионални асоцијации на ревизори;
  27. Организира стручни симпозиуми од областа на ревизијата;
  28. Иницира соработка со високо-образовни институции во земјата и во странство;
  29. Иницира публикување на стручни списанија од областа на ревизијата;
  30. Изготвува упатства за изготвување на ревизорска документација;
  31. Иницира измени на законските прописи од областа на ревизијата и финансиите до Советот, и
  32. Врши други работи согласно со Статутот и закон.
      Институт за Овластени Ревизори, Јануари 2007. Сите права се задржани.
Изработка и хостирање: UnetInteractive