Програмата за полагање на испит на ИОРРСМ е акредитирaна од страна на ACCA

28-09-2022

ACCREDITED PROGRAMMEACCA - Association of Chartered Certified Accountants

Програмата за полагање на испит за стекнување звање ревизор на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) е акредитирaна од страна на Асоцијацијата за лиценцирани сметководители (ACCA – Association of Chartered Certified Accountants) и истата се однесува на периодот од 01.01.2023 година до 31.12.2027 година. ACCA акредитацијата ја доделува за да им обезбеди на кандидатите споредливост на знаењето и вештините кои што ги стекнале во текот на стекнување на претходната квалификација, а со добиената акредитација ИОРРСМ им го олеснува и забрзува патот на кандидатите кои сакаат да го продолжат своето професионално усовршување и да станат членки на најголемото глобално тело за професионални сметководители – ACCA.

Што значи тоа? – Сите кандидати кои ќе се стекнат со уверение за ревизор издадено од ИОРРСМ стекнуваат право на признавање на осум (8) од вкупно тринаесет (13) предмети од програмата за професионална квалификација на ACCA. Со тоа кандидатите кои ќе се стекнат со уверението за ревизор на ИОРРСМ заштедуваат време во остварувањето на следната своја професионална цел – членство во ACCA. При нивното аплицирање за стекнување на звање квалификуван професионален сметководител според програмата на ACCA ќе им бидат признаени акредитираните предмети доколку ги имаат положено предметите од програмата на ИОРРСМ како што е прикажано подолу (Приказ 1 и 2).

Приказ 1: Признаени предмети од страна на ACCA

 

 

Приказ 2. За повеќе информации посетете го следниот линк https://www.accaglobal.com/uk/en/help/exemptions-calculator.html )

Со завршување на полагање на испитот и стекнување уверение за ревизор се признаваат следните предмети на ACCA:

                        ACCA                                                         ИОРРСМ

  • Business and Technology (BT)
  • Management Accounting (MA)         УПРАВУВАЧКО СМЕТКОВОДСТВО                  
  • Financial Accounting (FA)                   ФИНАНСИСКО СМЕТКОВОДСТВО

Со положен поединечен испит, се признаваат следните предмети на ACCA:

Course exemption                                            With completion of the modules

Audit and Assurance (AA)                              РЕВИЗИЈА 1

Corporate and Business Law (LW)              КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ И ЕТИКА

И ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

Financial Management (FM)                         УПРАВУВАЊЕ СО ФИНАНСИИ

Financial Reporting (FR)                                 ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Taxation (TX)                                                      КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ И ЕТИКА

И ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

 

Што е ACCA и која е нивната мисија?

ACCA (Асоцијација за лиценцирани сметководители) е најголемото меѓународно тело за професионални сметководители. Асоцијацијата има за цел да понуди релевантни квалификации, способности и вештини на студентите кои одлучиле да градат кариера во областа на сметководството, ревизијата, финансиите и менаџментот.

ACCA ги поддржува своите над 200.000 членови и скоро 500.000 студенти во 180 земји. ACCA работи преку мрежа од 101 канцеларија и соработува со скоро 7.300 работодавачи, тесно поддржувајќи ги оние кои инвестираат во човечки капитал.

Основана во 1904 година, ACCA постојано одржува уникатни основни вредности: можност, разновидност, иновации, интегритет и одговорност. Верува дека сметководителите им носат вредност на економиите во сите фази на развој, бараат да се развие капацитет во професијата и да се поттикне усвојување на глобални стандарди. Основните вредности на ACCA се усогласени со потребите на работодавачите во сите сектори и гарантираат дека преку својот опсег на квалификации, подготвуваат сметководители за деловни активности. ACCA има за цел да им ја отвори професијата на луѓето од сите средини и да ги отстрани вештачките бариери, да ги иновира своите квалификации и да ги задоволи различните потреби на вработените и нивните работодавачи.To