Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор (испитна сесија декември 2022)

17-10-2022

 Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година и ‘Службен весник на РСМ‘ број 122/2021)

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РСМ (ИОРРСМ)

објавува
Повик за пријавување на кандидати за
полагање на испитот за стекнување на звање ревизор
 

              Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија објавува оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор. Во периодот од 12 до 23 декември 2022 година ќе се полагаат следните испити:

НИВО 1:

1.       Ревизија 1                                     

2.       Финансиско сметководство       

3.       Законска регулатива

4.       Управувачко сметководство

НИВО 2:

5.       Управување со финансии  

6.       Ревизија 2                      

7.       Финансиско известување

8.       Корпоративно управување и етика

Сите заинтересирани кандидати кои за прв пат се пријавуваат за полагање на испитот, треба да го достават следното:

-        Барање за полагање на испит за стекнување на звањето ревизор, кое што е објавено на веб страната на ИОРРСМ во делот Испити, а е пропишано од СУНРРСМ.

-        Пропратните документи наведени во Барањето за полагање на испитот за стекнување звање ревизор (во оригинал или копија заверена на нотар).

Документите треба да се поднесат најдоцна на 04 ноември 2022 година, на адреса ИОРРСМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите да го полагаат испитот за стекнување звање ревизор, како и кандидатите кои се постапка на полагање на испитот, треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во испитната сесија декември 2022 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на ИОРРСМ ( www.iorrm.org.mk ) во делот Испити. Рокот за пријавување испити и уплата на надоместокот за полагање на испитите е до 22 ноември 2022 година.

Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599 и на веб страната на ИОРРСМ www.iorrm.org.mk.

Драган Димитров
Претседател на ИОРРСМ