Покана за КПУ настани – 17, 22, и 25 ноември 2022 година

04-11-2022

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2022 година. Трите следни КПУ настани за 2022 година ќе се одржат на 17, 22 и 25 ноември 2022 година, како комбинирани настани, со физичко присуство во просториите на Едукативен центар М6 и он-лајн присуство (преку стриминг). Подолу може да најдете подетални информации.

  1. КПУ настан – 17 ноември 2022 година (четврток), од 09 до 17 часот, 8 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 14 ноември 2022 година, преку пристапување на следниот линк:

Пријава за учество на 17 ноември 2022            Програма за 17.11.2022

Предавачите на овој настан се овластени ревизори од Друштво за ревизорски услуги ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје и Друштво за ревизија МСФИ РЕВИЗИЈА 2012 ДОО Скопје.

  1. КПУ настан – 22 ноември 2022 година (вторник), од 09 до 15 часот, 6 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 17 ноември 2022 година, преку пристапување на следниот линк:

Пријава за учество на 22 ноември 2022            Програма за 22.11.2022

Настанот се спроведува во соработка со Здружението на внатрешни ревизори на РСМ (ЗВРРСМ). Предавач на настанот е Павле Зимбаков. За учество на настанот ќе се признаваат КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ, и внатрешните ревизори - членови на ЗВРРСМ.

  1. КПУ настан – 25 ноември 2022 година (петок), од 09 до 17 часот, 8 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 22 ноември 2022 година, преку пристапување на следниот линк:

Пријава за учество на 25 ноември 2022                          Програма за 25.11.2022

Предавачите на овој настан претставници на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) и Управата за финансиско разузнавање (УФР).

Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства, како и линк за следење на настанот (доколку сте одбрале опција за он-лајн следење на настанот).

КПУ часови за 2022 година. Статусот на остварени КПУ часови за 2022 година (заклучно со 01 ноември 2022 година) може да го проверите во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување.

 

Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ