Покана за КПУ настан – 13 декември 2022 година (4 КПУ часа)

05-12-2022

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2022 година. Настанот ќе се одржи на 13 декември 2022 година од 09 до 13 часот за кои што ќе се признаваат 4 КПУ часа за 2022 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настаните е 1.000,00 денари за секој ден посебно за едно лице.

  • Програма за он-лајн настанот што ќе се одржи преку платформата Webex. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 11 декември 2022 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк:

Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство и линк за следење на настанот.

КПУ часови за 2022 година. Статусот на остварени КПУ часови за 2022 година (заклучно со 30 ноември 2022 година) ќе биде објавен најдоцна во вторник, 06.12.2022 година и може да го проверите во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување.

Преостанати настани за КПУ за 2022 година. Би сакале да Ве информираме дека за 2022 година преостанува можноста да се организира уште еден КПУ настан на 22 декември 2022 година, за кој ќе се признаваат 6-8 КПУ часови и е-КПУ за кое се признаваат 8 КПУ часови, за штои дополнително ќе ве информираме. Исто така, ве информираме дека некои од спроведените настани од октомври до декември 2022 година, ќе бидат повторно понудени да се следат преку веб страната на ИОРРСМ, но само за оние лица кои не ги проследиле при првичното спроведување.

 

Со почит,

Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ

Тел. + 389 (0)2 3227 599

Факс. +389 (0)2 3296 349

Е-пошта. gensec@iorrm.org.mk

www.iorrm.org.mk