Покана за КПУ настан – 22 декември 2022 година (7 КПУ часа)

09-12-2022

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) во соработка со Катедрата за сметководство и ревизија на Економски факултет Скопје, при Универзитет “Кирил и Методиј” Скопје организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2022 година. КПУ настанот ќе се одржи на 22 декември 2022 година, како комбиниран настан, со физичко присуство во просториите на Едукативен центар М6 и он-лајн присуство (преку стриминг). Подолу може да најдете подетални информации.

  1. КПУ настан – 22 декември 2022 година (четврток), од 09.30 до 16.30 часот, 7 КПУ часа. Програмата за настанот. Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 18 декември 2022 година, преку пристапување на следниот линк:

Пријава за учество на 22 декември 2022 година

Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства, како и линк за следење на настанот (доколку сте одбрале опција за он-лајн следење на настанот).

КПУ часови за 2022 година. Статусот на остварени КПУ часови за 2022 година (заклучно со 30 ноември 2022 година) е објавен на веб страната на ИОРРСМ и може да го проверите во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување.

Преостанати настани за КПУ за 2022 година. Би сакале да Ве информираме дека овој е последен настан за КПУ за 2022 година. Исто така, ве информираме дека некои од спроведените настани од октомври до декември 2022 година, ќе бидат повторно понудени да се следат во јануари 2023 година преку веб страната на ИОРРСМ, но само за оние лица кои не ги проследиле при првичното спроведување. Во јануари 2023 година ќе биде спроведено и Е-КПУ (8 КПУ часа) за што ќе бидете дополнително известени.

Со почит,

Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ

Тел. + 389 (0)2 3227 599

Факс. +389 (0)2 3296 349

Е-пошта. gensec@iorrm.org.mk

www.iorrm.org.mk