Покана за следење на претходно спроведени КПУ настани за 2022 - од 10.01. до 30.01.2023

09-01-2023

Почитувани,

Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРСМ, може електронски да ги проследите предавањата кои што ИОРРСМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2022 година на 04 октомври, 17, 22 и 25 ноември, како и 13 и 22 декември 2022 година, а кои што ќе се признаваат за КПУ часови за 2022година. Членовите на ИОРРСМ може да се пријават за следење на овие настани, само доколку не сте биле во можност да учествувате при првичното спроведување на он-лајн настаните, односно следните:

  • КПУ настан што се одржа на 04 октомври 2022 година - НБРСМ (се состои од 1 видео снимка)  - 4 часа КПУ, надоместок 1.000 денари.  (Програма)
  • КПУ настан што се одржа на 17 ноември 2022 година – PWC и MSFI (се состои од 1 видео снимка)  - 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.  (Програма)
  • КПУ настан што се одржа на 22 ноември 2022 година – Павле Зимбаков (се состои од 1 видео снимка)  - 6 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.  (Програма)
  • КПУ настан што се одржа на 25 ноември 2022 година – УФР и АСО (се состои од 1 видео снимка)  - 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.  (Програма)
  • КПУ настан што се одржа на 13 декември 2022 година – Благица Шорева (се состои од 1 видео снимка)  - 4 часа КПУ, надоместок 1.000 денари.  (Програма)
  • КПУ настан што се одржа на 22 декември 2022 година – Антикорупција и измами (се состои од 1 видео снимка)  - 7 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.  (Програма)

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите во периодот од 10 до 30 јануари 2023 година. Сите материјали за настаните се поставени во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ на горенаведените предавања е 27 јануари 2023 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk .

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на contact@iorrm.org.mk, предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатството (превземи).

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.

Напомена. За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.

КПУ часови за 2022 година. Статусот на остварени КПУ часови за 2022 година (заклучно со 31 декември 2022 година) може да го проверите во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување. Доколку статусот не се совпаѓа со Вашата евиденција, Ве молиме да не контактирате заради проверка и усогласување.