Е-КПУ за 2022 година

09-01-2023

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) ќе спроведе Е-КПУ за овластените ревизори за 2022 година. Настаните за КПУ се во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2022 година.

Предавањето ќе биде отворено во период од 10 до 30 јануари 2023 година. Во предавањето се вклучени следните презентации:

  1. Основи на ESG известувањето и препорачани обелоденувања
    МСР 505 – Екстерни конфирмации
    МСР 330 – Одговори на ревизорот на проценетите ризици
    МСР 501 – Специфични разгледувања за селектирани ставки
    МСР 570 - Континуитет

                Благица Шорева, овластен ревизор, ACCA, Менаџер во ревизија, Друштво за ревизија КПМГ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје 

  1. Осврт на Извештајот за нациите на Здружението на овластени испитувачи на измами (ACFE) за 2022 година
    Вовед во тестирањето на книжењата во главна книга
    Case study – Пример за реален случај на анализа на тестирање на книжења во главна книга

                Жарко Матејиќ, CISA, CRISC

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 27 јануари 2023 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk . Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое што се признаваат 8 часа КПУ за 2022 година, изнесува 7.000,00 денари по лице.

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на contact@iorrm.org.mk, предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатство за следење на настанот.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.

КПУ часови за 2022 година. Статусот на остварени КПУ часови за 2022 година (заклучно со 31 декември 2022 година) може да го проверите во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување. Доколку статусот не се совпаѓа со Вашата евиденција, Ве молиме да не контактирате заради проверка и усогласување.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРСМ