Повик за пријавување интерес за одржување предавања за Континуирано професионално усовршување во 2023 година
20-03-2023
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) објавува повик за пријавување на интерес за одржување на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2023 година.
Годишната програма за КПУ за 2023 година е објавена на веб страната на ИОРРСМ во делот КПУ.
Ве молиме доколку сте заинтересирани за одржување на предавање за одредени теми од Годишната програма за КПУ за 2023 година, најдоцна до 19 април 2023 година, да доставите предлог со куса програма, времетраење на предавањето, на е-пошта gensec@iorrm.org.mk. Датумите за одржување на предавањата ќе бидат дополнително утврдени во договор со предавачите.
Повикот за пријавување интерес за одржување предавања за КПУ се однесува на физички и правни лица. Во случај кога интересот го изразува правно лице, ве молиме да доставите информација за лицата кои ќе бидат ангажирани како предавачи.
Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ