Покана КПУ настан – 17 и 18 октомври 2023 година (8 КПУ часа по ден)

25-09-2023

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2023 година. Настанот ќе се одржи на 17 и 18 октомври 2023 година (вторник и среда), со физичко присуство во хотел Холидеј Ин Скопје, во сала Милениум 1.

Програмата за КПУ настанот. За учество на настанот ќе се признаваат 8 (осум) КПУ часови по ден, односно 16 (шеснаест) КПУ часови за двата дена за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.

КПУ настан – 17 и 18 октомври 2023 година (вторник и среда), од 09 до 17 часот, 8 КПУ часа по ден. Надоместокот за присуство на настанот е 3.000,00 денари по ден за едно лице, односно 6.000,00 денари за двата дена за едно лице.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 10 октомври 2023 година (вторник), преку пристапување на следниот линк.

Пријава за учество на 17 и 18 октомври 2023

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства.

 
Со почит,
Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ