Покана за 31-ва седница на Собрание (презакажана)
03-04-2023
Покана за учество на 31-ва седница на Собранието
на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија(ИОРРСМ)
Почитувани,
Ве известуваме дека 31-та седница на Собранието на ИОРРСМ која што беше закажана за 31 март 2023 година не се одржа заради неостварен кворум за работа. Седницата се презакажува за 06 април 2023 година (четврток), во 14.00 часот, и ќе се одржи во Амфитеaтар 2, Економски факултет - Скопје. Согласно член 22 од Статутот на ИОРРСМ, на седницата ќе се одлучува по точките од предлог дневниот ред за првобитно закажаната седница.
Ве молиме, да го потврдите присуството на 31-та седница на Собранието на ИОРРСМ на следниот линк пријава за присуство на 31-ва седница на Собрание.
Со почит,
Драган Димитров
Претседател на ИОРРСМ