Оглас на ИОРРСМ за вработување на контролор на квалитет

31-10-2023

Институт на овластени ревизори на Република Северна Македонија објавува

Оглас за вработување

За работно место:

„Контролор на квалитет“ во Институт на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ).

Адреса: Ул. 11 Октомври бр. 52А/1 – 3, 1000 Скопје

Број на извршители: 1 (еден)

Опис на работно место:

  • Спроведување на контрола на работењето (контрола на квалитет) кај субјектот на контрола, како активност со сите пропратни постапки и дејствија, согласно Законот за ревизија, позитивните прописи од областа и актите на ИОРРСМ;
  • Комуникација со субјектите на контрола;
  • Извршува и други работи согласно договорот за вработување и актите на ИОРРСМ.
 Потребни квалификации:
  1. Да има лиценца за овластен ревизор;
  2. Да биде член на ИОРРСМ;
  3. Да не му е изречена дисциплинска мерка од ИОРРСМ, во период од 3 години пред вработување во ИОРРСМ;
  4. Познавање на англиски јазик;
  5. Работно искуство во струката од најмалку 6 години.
 Услови за вработување:
  • Договор на неопределено работно време;
  • Полно работно време од 8 часа дневно, односно 40 часа неделно од понеделник до петок од 8 до 16 часот;
  • Почетна основна нето плата во висина од 50.000,00 до 70.000,00 денари.

Сите права и обврски на работникот се утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен договор од областа на стопанството, како и договорот за вработување.

 
Потребна документација:

Заинтересираните лица да достават кратка биографија со пропратните документи-докази за потребни квалификации до архивата на ИОРРСМ лично или по пошта на адреса: Ул. 11 Октомври бр. 52А/1 – 3, 1000 Скопје, Р.C. Македонија или на е-маил адреса: gensec@iorrm.оrg.mk.

Документите/исправите од точка 2 и 3 од делот потребни квалификации, ИОРРСМ ги прибавува од службената евиденција.

Рокот за пријавување е заклучно со 20 ноември 2023 година.

По завршување на рокот за пријавување, планирано е да се направи интервју со потенцијалните кандидати во просториите на ИОРРСМ или по пат на видео конференција за што соодветно ќе бидат известени. Постапката ќе се одвива во рамките на законските рокови дадени во Законот за работни односи, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заштита на лични податоци:

ИОРРСМ ги обработува личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Со доставување на Вашата апликација на овој оглас за вработување, Вие доброволно ни овозможувате да имамепристап до Вашите лични податоци. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоциможе да добиете на следниот Линк.

 
Драган Димитров 

Претседател на ИОРРСМ