Покана за КПУ настан – 20 декември 2023 година (8 КПУ часа)

06-12-2023

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2023 година. Настанот ќе се одржи на 20декември 2023 година (среда), како комбиниран настан, со физичко присуство во просториите на Економски факултет Скопје, во салата за состаноци, во Деканатот и он-лајн присуство (преку платформа – Google Meet).

Програма за КПУ настан. За учество на настанот ќе се признаваат 8 (осум) КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.

КПУ настан – 20 декември 2023 година (среда), од 09.00 до 17.00 часот, 8 КПУ часа. Регистрацијата за настанот е од 08.30 до 09.00 часот.

Надоместокот за присуство на настанот е 3.000,00 денари за едно лице (Тарифникот за висината на членарината и надоместоците што ги наплатува ИОРРСМ(пречистен текст)  е даден на следниот Линк).

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 18 декември 2023 година (понеделник), преку пристапување на следниот линк

Пријава за учество на 20 декември 2023

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства, како и линк за следење на настанот (доколку сте одбрале опција за он-лајн следење на настанот).