Покана за КПУ настан - 22 декември 2023 година (петок) - за овластени ревизори и КПУ за сметководители и овластени сметководители (4 КПУ часа)

06-12-2023

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2023 година. Настанот ќе се одржи на 22 декември 2023 година (петок), како комбиниран настан, со физичко присуство во просториите на Економски факултет Скопје, во салата за состаноци, во Деканатот и он-лајн присуство (преку платформа – Google Meet).

Програма за КПУ настан. Настанот се спроведува во соработка со Катедрата по сметководство и ревизија, при Економски факлутет Скопје. За учество на настанот ќе се признаваат 4 (четири) КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.

КПУ настан – 22 декември 2023 година (петок), од 12.00 до 16.00 часот, 4 КПУ часа. Регистрацијата за настанот е од 11.30 до 12.00 часот.

Надоместокот за присуство на настанот е 1.500,00 денари за едно лице (Тарифникот за висината на членарината и надоместоците што ги наплатува ИОРРСМ(пречистен текст)  е даден на следниот Линк).

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 19 декември 2023 година (вторник), преку пристапување на следниот линк

Пријава за учество на 22 декември 2023за овластени ревизори и други лица

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства, како и линк за следење на настанот (доколку сте одбрале опција за он-лајн следење на настанот).

Овластените ревизори кои се и сметководители или овластени сметководители, своето учество треба да го пријават само на линкот погоре за овластени ревизори.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

КПУ за сметководители и овластени сметководители

На настанот на 22 декември 2023 година (петок) можат да земат учество и сметководители и овластени сметководители само со он-лајн присуство (преку платформа – Google Meet) . Надоместокот за присуство на настанот за сметководители и овластени сметководители е 1.000,00 денари за едно лице за кој што ќе се признаваат 4 (четири) КПУ часови.

Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 19 декември 2023 година, преку пристапување на следниот линк

Пријава за учество на 22 декември 2023за сметководители и овластени сметководители

НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства, како и линк за следење на настанот (доколку сте одбрале опција за он-лајн следење на настанот).