Повик за пријавување на интерес за оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор
03-04-2023
ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РСМ (ИОРРСМ)
Објавува
Повик за пријавување на интерес за оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор
Институтот на овластени ревизори на РСМ објавува оглас за пријавување на интерес за оценувачи за спроведување на испитот за стекнување звање ревизор.
Оценувачите се очекува да оценуваат испитни тетратки за следните делови на испитот за стекнување звање овластен ревизор:
- Управувачко сметководство
- Финансиско сметководство
- Законска регулатива
- Ревизија 1
|
|
- Ревизија 2
- Финансиско известување
- Управување со финансии
- Корпоративно управување и етика
|
Оценувачите треба да ги поседуваат следните квалификации:
- Завршено високо образование во областа на економските науки.
- Најмалку 5 години искуство на полето на вршење ревизија и сродни полиња поврзани со ревизијата.
- Во досегашното практично искуство да ги исполнуваат етичките и професионалните стандарди (доверливост, објективност и професионално однесување).
Предност во селекцијата ќе имаат лицата кои поседуваат лиценца за овластен ревизор и се членови на ИОРРСМ.
Сите заинтересирани лица треба најдоцна на 19 април 2023 година да достават Писмо за интерес, куса биографија, копија од диплома за завршено високо образование и препораки за претходното релевантно искуство. Документите се доставуваат на адреса ИОРРСМ, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.
Напомена: Постојните оценувачи не треба повторно да се пријавуваат на огласот.
Со почит.
Драган Димитров
Претседател на ИОРРСМ