Покана за пријавување за електронско следење на Е-КПУ настан за 2023 година (15-31.01.2024)

05-01-2024

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) ќе спроведе електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2023 година. Настанот за КПУ е во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2023 година.

Е-КПУ настанот (8 КПУ часа) со следната Програма, ги вклучува следните презентации:

  1. Oсврт на најважните барања на стандардот и делокругот, практични примери, дизајнирање и спроведување на ревизорски постапки, и сумаризација на најважните поенти:
- МСС 10 Настани по периодот на известување
- МСР 560 – Последователни настани
- МСС 19 – Бенефиции (Користи) за вработените

- МСР 402, Ревизорски разгледувања во врска со ентитети кои користат услужни организации

- МСР 620, Користење на работата на стручно лице на ревизорот

- МСР 450, Оценка на погрешните прикажувања идентификувани во текот на ревизијата – (Благица Шорева, овластен ревизор, ACCA, Менаџер во ревизија, Друштво за ревизија КПМГ РЕВИЗИЈА ДОО Скопје).

2.      Резултати од извршените контроли во циклусот на контроли на квалитет 2022/2023 година и 2021/2022 година (Гоце Христов, овластен ревизор, Наташа Џидрова, овластен ревизор, Комисија за контрола на квалитет на ИОРРСМ).

3.      МСР 610, Користење на работата на интерните ревизори (Марија Божиновски, овластен ревизор, Халк банка АД Скопје).

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите во периодот од 15 до 31 јануари 2024 година. Сите материјали за настанот се поставени во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување (КПУ настан одржан на 18 октомври 2023).

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 29 Јануари 2024 година, со пријавување на следниов линк – Пријава. Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое се признаваат 8 часа КПУ за 2023 година, изнесува 8.000,00 денари по лице.

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на линк за Пријава , предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, кое што можете да го најдете во прилог на оваа порака. Задолжително притиснете на копче “Потврди„ откако ќе го ислушате предавањето, за да се признаат КПУ часовите.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599  и 072/ 268-068 или на contact@iorrm.org.mk.

КПУ часови за 2023 година. Статусот на остварени КПУ часови за 2023 година (заклучно со 31 декември 2023 година) може да го проверите во делот за членовите на ИОРРСМ во мени КПУсовршување од среда 10 јануари 2024 година. Доколку статусот не се совпаѓа со Вашата евиденција, Ве молиме да не контактирате заради проверка и усогласување.

Со почит,
Татјана Тодоровска

Генерален секретар на ИОРРСМ