Повик за пријавување интерес за одржување предaвања за КПУ во 2024 година (за септ - ноем 2024)
14-05-2024
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) објавува повик за пријавување на интерес за одржување на предавања за Континуирано професионално усовршување (КПУ) во 2024 година.
Годишна програма за КПУ за 2024 година.
Ве молиме доколку сте заинтересирани за одржување на предавање за одредени теми од Годишната програма за КПУ за 2024 година, најдоцна до 28 јуни 2024 година, да доставите предлог со куса програма, времетраење на предавањето, на е-пошта gensec@iorrm.org.mk. Датумите за одржување на предавањата ќе бидат дополнително утврдени во договор со предавачите, но за периодот септември – ноември 2024 година.
Повикот за пријавување интерес за одржување предавања за КПУ се однесува на физички и правни лица. Во случај кога интересот го изразува правно лице, ве молиме да доставите информација за лицата кои ќе бидат ангажирани како предавачи.
Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ