Покана за учество на интерактивна КПУ едукација
23-05-2024
Почитувани,
Ве известуваме дека согласно Годишната програма за КПУ за 2024 година, Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) во соработка со Друштво за ревизорски услуги ПрајсвотерхаусКуперс Ревизија ДОО Скопје, оваа година ќе овозможи следење на Интерактивна е-обука за КПУ (e-learnings) преку он-лајн пристап.
Понудени се три стандардни и три актуелни модули. За проследени 3 стандардни модули (Пакет 1) или 3 актуелни модули (Пакет 2) се признаваат по 4 КПУ часа. За проследени 6 модули (Пакет 1 и 2) се признааваат вкупно 8 КПУ часа. За проследен 1 модул (од било кој пакет) се признава по 1 КПУ час.
Пакет 1 за е -обука: Актуелни теми:
1. Промени во управувањето и корпоративна култура (времетраење - 1 час)
2. Вовед во вештачка интелигенција (времетраење - 1 час)
3. Основа за документација за трансферни цени (времетраење - 1 час)
Пакет 2 за е -обука: Стандардни теми за банки
4. Преглед на МСФИ 9 за Банки (времетраење - 1 час)
5. Мониторинг на перформансите на банката (времетраење - 1 час)
6. Сајбер безбедност за банки (времетраење - 1 час)
Надоместокот за следење на интерактивна КПУ едукација преку он-лајн пристап изнесува:
а. 2.100,00 денари по лице, за стандардeн модул од 1 час.
б. 3.100,00 денари по лице, за актуелен модул од 1 час.
Период на достапност: Модулите ќе бидат достапни за следење до 15.01.2025 година, со тоа што доколку учесниците ги ислушаат истите заклучно со 15.01.2025, ќе се сметаат како КПУ часови остварени за 2024 година.
Пријавување за следење на интерактивната КПУ едукација е на следниот начин:
- Пријавете го вашето учество преку следниот линк Пријава за следење на е-обука.
- По плаќање на надоместокот врз основа на наши инструкции, на вашата адреса за е-пошта ќе добиете детали за пристап до платформата.
За дополнителни информации може да не контактирате на телефон 02 3227 599, 072 268 068 или е-пошта contact@iorrm.org.mk.
Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ