Покана за КПУ настани - 17 и 18 јуни 2024 година, ресторан Рагуза 360°, Скопје и 18-годишнина од постоење на ИОРРСМ
28-05-2024
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2024 година. Настаните ќе се одржат на 17 и 18 јуни 2024 година (понеделник и вторник ), со физичко присуство во ресторан Рагуза 360°, Скопје. Во рамки на КПУ настанот што ќе се одржи на 17 јуни 2024 година ќе се одбележи 18 - годишнината од постоењето на ИОРРСМ со пригоден коктел од 12.30 до 13.30 часот.
За учество на настаните ќе се признаваат 8 (осум) КПУ часови по ден, односно 16 (шеснаест) КПУ часови за двата дена за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.
КПУ настани – 17 и 18 јуни 2024 година, од 09 до 17 часот, 8 КПУ часа по ден. Надоместокот за присуство на настаните е 3.000,00 денари по ден за едно лице, односно 6.000,00 денари за двата дена за едно лице.
Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 13 јуни 2024 година (четврток), преку пристапување на следниот линк.
Пријава за учество на 17 и 18 јуни 2024 година
Напомена: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства.
18 - годишнина од постоењето на ИОРРСМ, 17 јуни 2024 година (коктел, 12.30-13.30, Рагуза 360°)
Во рамки на КПУ настанот што ќе се одржи на 17 јуни 2024 година (понеделник), ќе се одбележи 18 - годишнината од постоењето на ИОРРСМ со пригоден коктел од 12.30 до 13.30 часот – ресторан Рагуза 360°, Скопје. Доколку не сте заинтересирани за учество на КПУ настанот на 17 јуни 2024 година, Ве молиме најдоцна на 13 јуни 2024 година (четврток), Вашето присуство на коктелот да го пријавите на следниот линк.
Пријава за учество на коктел – 17 јуни 2024 година
Напомена: Во пријавата за учество на коктелот треба да се пријават само лицата кои нема да присуствуваат на КПУ настанот на 17 јуни 2024 година.