Повик за пријавување на интерес за предавачи за спроведување на обука за кандидати за полагање на испитот за стекнување звање ревизор
29-05-2024
Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) објавува повик за пријавување на интерес за предавачи за спроведување на обука за кандидати за полагање на испитот за стекнување звање ревизор во септември 2024 година.
- Предавачот треба да ги поседува следните квалификации:
- Завршено четиригодишно високо образование (VII/1 степен) или завршени студии со 240 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС);
- Работно искуство од десет години од област за која имаат интерес да држат обука или се признати стручњаци од земјата и странство од праксата во соодветната област.
Пожелно e, но не е задолжително заинтересираните лица да поседуваат лиценца за овластен ревизор.
Заинтересираните лица треба да достават Писмо за интерес за Предавач за обука за еден или повеќе од предметите согласно Програмата за полагање на испитот за стекнување звање ревизор:
НИВО 1 НИВО 2
- Управувачко сметководство - Ревизија 2
- Финансиско сметководство - Финансиско известување
- Законска регулатива - Управување со финансии
- Ревизија 1 - Корпоративно управување и етика
Надоместокот за предавањата изнесува 6.000 денари за еден час (од 60 минути).
На предавачите кои се овластени ревизори членови на ИОРРСМ за одржаното предавање ќе им се признава број на часови за КПУ кои се еднакви на времетраењето на одржаното предавање.
Писмото за интерес заедно со потребните документи како доказ за бараните квалификации како копија заверена на нотар или оригинал се доставуваат во архивата на Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје. Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.
Рокот за доставување на документите е до 14 јуни 2024 година, (петок).
За сите дополнителни информации може да се обратите на телефон: (02) 3227 599, 072/268 068 или на е-пошта: contact@iorrm.org.mk.
Заштита на лични податоци:
ИОРРСМ ги обработува личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци. Со доставување на Вашата апликација на овој повик за пријавување на интерес за предавачи за спроведување на обука за кандидати за полагање на испитот за стекнување звање ревизор, Вие доброволно ни овозможувате да имаме пристап до Вашите лични податоци. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на личните податоци може да добиете на следниот Линк.
Ненад Тортевски
Претседател на ИОРРСМ