Повик за пријавување на испити за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор – вонредна испитна сесија септември/октомври 2024

26-07-2024

Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година и ‘Службен весник на РСМ‘ број 122/2021)

 

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РСМ (ИОРРСМ)

објавува

Повик за пријавување на испити за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор за кандидати кои се во постапка

 

                Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија објавува оглас за пријавување на испити за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор за кандидати кои се во постапка. Во периодот од 23 септември до 04 октомври 2024 годинаќе се полагаат следните испити:

НИВО 1:
1.       Ревизија 1                                                 
2.       Финансиско сметководство             
3.       Законска регулатива
4.       Управувачко сметководство
НИВО 2:
5.       Управување со финансии  
6.       Ревизија 2                                 
7.       Финансиско известување
8.       Корпоративно управување и етика

Кандидатите кои се во постапка на полагање на испитот, треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во вонредната испитна сесија – септември/октомври 2024 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на ИОРРСМ ( www.iorrm.org.mk ) во делот Испити. Рокот за пријавување испити и уплата на надоместокот за полагање на испитите е до 03 септември 2024 година.

Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599, 072 268 068 и на веб страната на ИОРРСМ www.iorrm.org.mk