Покана за годишна конференција на ИОРРСМ И ЗВРСМ - 16 и 17 септември 2024 - хотел Дрим Струга
01-08-2024
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) и Здружението на внатрешни ревизори на РСМ (ЗВРСМ) организираат заедничка годишна конференција со наслов – Ревизија: Иднината е сега (Audit: The Future is Now), што ќе се одржи на 16 и 17 септември 2024 година, во хотел Дрим, Струга. За присуство на конференцијата ќе се признаваат 12 КПУ часа за овластените ревизори и внатрешните ревизори.
На следниот линк дадени се Програма (MK), Програма (ENG) и Флаер со информации.
Надоместокот за учество е 7.500,00 денари по учесник за двата дена. Учеството за пријавува исклучиво за двата дена.
Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 10 септември 2024 година. Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк:
НАПОМЕНА: Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добивате натамошни информации во врска со организацијата на конференцијата.
Дополнителни информации за сместување во Хотел Дрим:
Резервацијата за сместување треба да ја направите на е-пошта: hdrim@t.mk или sales@drim.com.mk , тел. 070/347 269 и 046/785 800. При тоа треба да нагласите дека резервацијата е за учество на конференцијата.
Од страна на организаторот обезбедени се следните цени за сместување на ден по лице:
Еднокреветна соба
Ноќевање со појадок - 3.500 денари
Полу пансион - 3.900 денари
Полн пансион - 4.300 денари
|
Двокреветна соба
Ноќевање со појадок - 2.460 денари
Полу пансион - 2.760 денари
Полн пансион - 3.060 денари
|
Ве известуваме дека капацитетот во хотел Дрим е ограничен. Доколку не сте сместени во хотел Дрим, за ручек во хотелот се плаќа од 800,00 денари (со 1 безалкохолен пијалак) како повластена цена за учесници на конференцијата.
Со почит,
Татјана Тодоровска
Генерален секретар на ИОРРСМ