Покана за КПУ настан – 05 декември 2024 година (4 КПУ часа)
01-11-2024
Почитувани,
Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организира настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2024 година. Настанот ќе се одржи на 05 декември 2024 година (четврток), со он-лајн присуство (преку платформа – Zoom).
Настанот се спроведува во соработка со Друштво за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје. За учество на настанот ќе се признаваат 4 (четири) КПУ часови за овластените ревизори - членови на ИОРРСМ.
КПУ настан – 05 декември 2024 година (четврток), од 09.00 до 13.00 часот, 4 КПУ часа. Надоместокот за присуство на настанот е 1.500,00 денари.
Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 03 декември 2024 година (вторник), преку пристапување на следниот линк:
НАПОМЕНА: Во пријавата за учество треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точната адреса за е-пошта на која што ќе добиете натамошни инструкции и упатства, како и линк за следење на настанот.