Покана за повторно следење на КПУ настани спроведени во 2024 година
10-12-2024
Почитувани,
Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРСМ во делот онлајн предавања, може електронски да ги проследите предавањата кои што ИОРРСМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2024 година, а кои што ќе се признаваат како КПУ часови за 2024 година.
Членовите на ИОРРСМ може да се пријават за следење на овие настани, само доколку не биле во можност да ги проследат во текот на 2024 година, односно следните настани:
- КПУ настан што се одржа на 03 јуни 2024 година – Јасна Смилева и Гоце Трајковски (се состои од 1 видео снимка) - 4 часа КПУ, надоместок 1.500 денари. Програма
- КПУ настан што се одржа на 17 јуни 2024 година – од страна членовите на Комисијата за образование, обука и публикации (се состои од 1 видео снимка) - 8 часа КПУ, надоместок 3.000 денари.Програма
- КПУ настан што се одржа на 18 јуни 2024 година – Благица Шорева, Александра Кузмановска и Ана Марија Димитрова (се состои од 1 видео снимка) - 8 часа КПУ, надоместок 3.000 денари. Програма
- КПУ настан што се одржа на 26 ноември 2024 година – МАЗАРС и Жарко Матејиќ (се состои од 4 видео снимки) - 8 часа КПУ, надоместок 3.000 денари. Програма
- КПУ настан што се одржа на 27 ноември 2024 година – КПМГ и PWC (се состои од 4 видео снимки) - 8 часа КПУ, надоместок 3.000 денари. Програма
- КПУ настан што се одржа на 28 ноември 2024 година – Јасна Смилева, Гоце Трајковски и Искра Ивановска Стојановска (се состои од 1 видео снимка) - 6 часа КПУ, надоместок 3.000 денари. Програма
- КПУ настан што се одржа на 05 декември 2024 година – Charis Karakitsos – Грант Торнтон (се состои од 1 видео снимка) - 4 часа КПУ, надоместок 1.500 денари. Програма
Снимките од предавањата ќе може да ги проследите во периодот од 11 до 27 декември 2024 година. Сите материјали за настаните се поставени на веб страна во делот за членови во мени КПУсовршување.
Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за следење на претходно спроведени КПУ настани е 25 декември 2024 година, со пријавување на следниов линк – Пријава.
Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на линк за Пријава, треба да испратите Барање за следење на настанот/настаните преку пристапување во делот On-line предавања на веб страната на ИОРРСМ, а следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, кое што можете да го најдете во прилог на оваа порака. Задолжително притиснете на копче “Потврди„ откако ќе го ислушате предавањето, за да се признаат КПУ часовите.
За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 и 072/ 268-068 или на contact@iorrm.org.mk.
Напомена. За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.