Меморандум за соработка помеѓу Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) и Американски Универзитет на Европа - ФОН

26-12-2024

На 20 декември 2024 година, Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) и Американски Универзитет на Европа - ФОН потпишаа меморандум за соработка. Меморандумот предвидува меѓусебна соработка во поглед на унапредување на образованието, заеднички обуки, продлабочување на знаењата и размена на искуства за истражувања и развојни процеси од заеднички интерес. Меморандумот за соработка го потпишаа Претседателот на ИОРРСМ, Ненад Тортевски и Директорот на АУЕ – ФОН, Сезен Цаноска.