Покана за учество на 28-та седница на Собранието на ИОРРМ

03-03-2021

Покана за учество на 28-та седница на Собранието на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ)

Почитувани,                  

Ве известуваме дека 28-та седница на Собранието на ИОРРМ ќе се одржи на 25 март 2021 година (четврток) во 14.00 часот, како видео конференција со електронско гласање.

Предлог дневен ред за седницата:

  1. Усвојување на записникот од 27-та седница на Собранието на ИОРРМ.
  2. Усвојување на Годишен извештај за работа на ИОРРМ за 2020 година.
  3. Разгледување на Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2020 година.
  4. Усвојување на Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2020 година, и извештајот на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРМ за годината која завршува на 31 декември 2020 година:

Како членови на ИОРРМ, доколку имате предлози за изменување и дополнување на предлог дневниот ред или материјалите за точките од предлог дневниот ред, истите можете да ги доставите до генералниот секретар на ИОРРМ на адресата на ИОРРМ (Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје), најдоцна до 19 март 2021 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок нема да бидат земени предвид.

Ве молиме, најдоцна на 19 март 2021 година, задолжително да се изјасните за присуство на 28-та седницата на Собранието на е-пошта: admin@iorrm.org.mk . Врз основа на бројот на членови кои ќе потврдат присуство на седницата, ќе бидеме во можност да ги извршиме сите подготвителни активности за спроведување на седницата. Сите членови на ИОРРМ кои ќе потврдат присуство на седницата ќе добијат Упатство за начинот на спроведување на седницата.

Присуството на седницата ќе се признава како 4 (четири) часа КПУ за 2021 година. 

 

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ