Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор (испитна сесија - јуни/јули 2021 година)

14-04-2021

Врз основа на членoвите 26, 27 и 54 од Законот за ревизија (‘Службен весник на РСМ‘ број 158/2010, 135/2011, 188/2013, 43/2014, 138/2014, 192/2015 , 23/2016 и 83/2018 година)

ИНСТИТУТОТ НА ОВЛАСТЕНИ РЕВИЗОРИ НА РМ (ИОРРМ) објавува

Повик за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор

                Институтот на овластени ревизори на РМ објавува оглас за пријавување на кандидати за полагање на испитот за стекнување на звање ревизор. Во периодот од 21 јуни до 02 јули 2021 година година ќе се полагаат следните испити:

НИВО 1:

  1. Ревизија1                                                 
  2. Финансиско сметководство             
  3. Законска регулатива
  4. Управувачко сметководство

НИВО 2:

  1. Управување со финансии 
  2. Ревизија 2                                 
  3. Финансиско известување
  4. Корпоративно управување и етика

Сите заинтересирани кандидати кои за прв пат се пријавуваат за полагање на испитот, треба да го достават следното:

  • Барање за полагање на испит за стекнување на звањето ревизор, кое што е објавено на веб страната на ИОРРМ во делот Испити, а е пропишано од СУНРРСМ.
  • Пропратните документи наведени во Барањето за полагање на испитот за стекнување звање ревизор (во оригинал или копија заверена на нотар).

Документите треба да се поднесат најдоцна на 26 април 2021 година, на адреса ИОРРМ Скопје, ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, 1000 Скопје.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите да го полагаат испитот за стекнување звање ревизор, како и кандидатите кои се во постапка на полагање на испитот, треба да ги пријават испитите што ќе ги полагаат во испитната сесија јуни/јули 2021 година со дoставување на Пријава за полагање на испит која што е објавена на веб страната на Институтот во делот Испити. Рокот за пријавување испити и уплата на надоместокот за полагање на испитите е до 19 мај 2021 година.

Подетални информации може да се добијат на тел. 02 3227 599, contact@iorrm.org.mk и на веб страната на ИОРРМ www.iorrm.org.mk.