Покана за КПУ настан - 24 и 25 јуни 2021 година

14-06-2021

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе спроведе он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2021 година, што ќе се одржи на 24 и 25 јуни 2021 година. За присуство на настанот (два недделиви дена) се признаваат 8 КПУ часа за 2021 година за овластените ревизори.

Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 21 јуни 2021 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 23 јуни 2021 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк Пријава за 24 и 25 јуни 2021 година . Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство како да се приклучите за следење на настанот, на која платформа ќе биде спроведен и линк за следење на настанот.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ