Покана за КПУ настан - 28 и 29 јуни 2021 година

16-06-2021

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе организира он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2021 година. Економски факултет при Универзитет Гоце Делчев Штип организира конференција со наслов “ECONOMIC AND SOCIAL IMPLICATIONS OF COVID-19, CHALLENGES AND PROPOSALS FOR OVERCOMING”, која ќе се одржи он-лајн на 28 и 29 јуни 2021 година. Согласно договор за соработка помеѓу организаторот и ИОРРМ, учеството на настанот (два недделиви дена) ќе се признава како 8 КПУ часа за 2021 година за овластените ревизори.

Настанот ќе се одржи на 28 и 29 јуни 2021 година преку платформата Microsoft Teams и ќе се спроведе на македонски јазик. Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 24 јуни 2021 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 25 јуни 2021 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк Пријава за 28 и 29 јуни 2021 година . Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете линк за следење на настанот.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ