Покана за КПУ настан – 02 јули 2021 година

23-06-2021

Почитувани,

Во рамките на одбележување на 15 години од основањето на Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ), во соработка со Економски факултет – Скопје ќе биде спроведен настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно Годишната програма за КПУ за 2021 година. Настанот ќе се одржи на 02 јули 2021 година (петок) и ќе се признава како 4 КПУ часа за 2021 година за овластените ревизори.

Настанот ќе се одржи на 02 јули 2021 година (петок) преку платформата Cisco WebEx. Надоместокот за присуство на настанот е 1.000,00 денари. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 30 јуни 2021 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 01 јули 2021 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк Пријава за 02 јули 2021 година . Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете упатство и линк за следење на настанот.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ