Покана за следење на претходно спроведени настани за КПУ за 2021 - 01.09.2021 до 30.09.2021 (КПУ настан)

26-08-2021

Почитувани,

Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРМ, може електронски да ги проследите некои од предавањата кои ИОРРМ претходно ги спроведе како настани за КПУ за 2021 година. Членовите на ИОРРМ може да се пријават за еден или повеќе од следните настани, само доколку не сте биле во можност да учествувате при првичното спроведување на настанот:

1. КПУ настан што се одржа на 24 и 25 јуни 2021 година (се состои од 2 видео снимки)  - 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.

2. КПУ настан што се одржа на 02 јули 2021 година (се состои од 1 видео снимка)  - 4 часа КПУ, надоместок 1.000 денари..

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите он-лајн во периодот од 01 септември 2021 до 30 септември 2021 година. Сите материјали за настаните се поставени во делот за членовите на ИОРРМ во мени КПУсовршување.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ на горенаведените предавања е 28 септември 2021 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk .

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на contact@iorrm.org.mk, предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатството. Барањата се доставуваат поединечно за секое од предавањата кои сакате да ги проследите.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.

Напомена: За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ настан.  

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ