Покана за КПУ настан – 05 и 06 октомври 2021 година

21-09-2021

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе организира он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2021 година. Настанот ќе се одржи на 05 и 06 октомври 2021 година, од 10 до 14 часот, а учеството на настанот (два недделиви дена) ќе се признава како 8 КПУ часа за 2021 година за овластените ревизори.

Настанот ќе се одржи на 05 и 06 октомври 2021 година  преку платформата Zoom. Надоместокот за присуство на настанот е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 01 октомври 2021 година, додека уплатата за посетување на настанот треба да се изврши најдоцна на 04 октомври 2021 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк Пријава за 05 и 06 октомври 2021 година година . Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете линк за следење на настанот.

 

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ