Покана за КПУ настани - 28 октомври 2021 година и 01 и 02 ноември 2021 година

20-10-2021

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе организира он-лајн настани за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2021 година. Настаните ќе се одржат на:

  • 28 октомври 2021 година, од 10 до 14 часот за кој ќе се признаваат 4 КПУ часа за 2021 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настанот е 1.000,00 денари за едно лице. Програма за 28 октомври 2021 година.
  • 01 и 02 ноември 2021 година (два недделиви дена) од 10 до 14 часот за кој ќе се признаваат  8 КПУ часа за 2021 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настанот на 01 и 02 ноември 2021 година е 2.000,00 денари за двата дена за едно лице. Програма за 01 и 02 октомври 2021 година.

Настаните ќе се одржат преку платформата Zoom. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 26 октомври 2021 година, а уплатата да се направи најдоцна до 27 октомври 2021 година.

Пријавувањето за учество на настаните се врши преку пристапување на следниот линк:

Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете линк за следење на настанот.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ