Покана за КПУ настани - 10 декември 2021 година

23-11-2021

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на РМ (ИОРРМ) ќе го организира последниот он-лајн настан за Континуирано професионално усовршување (КПУ) за овластени ревизори, согласно програмата за КПУ за 2021 година. Настанот ќе се одржи на 10 декември 2021 година  од 10 до 14 часот за кој ќе се признаваат  4 КПУ часа за 2021 година за овластените ревизори. Надоместокот за присуство на настанот на 10 декември 2021 година е 1.000,00 денари за едно лице.  Програма за 10 декември 2021 година.

Настанот ќе се одржи преку платформата Zoom. Ве повикуваме своето учество на настанот да го пријавите најдоцна на 08 декември 2021 година, а уплатата да се направи најдоцна до 09 декември 2021 година.

Пријавувањето за учество на настанот се врши преку пристапување на следниот линк:

Во пријавата треба точно да се пополнат сите полиња, а особено ќе внимавате да ја запишете точна адреса за е-пошта на која што ќе добиете линк за следење на настанот.

 Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ