Покана за следење на претходно спроведени настани за КПУ за 2021 - 13.12.2021 до 24.12.2021 (КПУ настан)

13-12-2021

Почитувани,

Ве известуваме дека преку веб страната на ИОРРМ, може електронски да го проследите предавањето кое ИОРРМ претходно го спроведе како настан за КПУ за 2021 година на 29 ноември и 02 декември 2021 година. Членовите на ИОРРМ може да се пријават само доколку не сте биле во можност да учествувате при првичното спроведување на настанот.

  • КПУ настан што се одржа на 29 ноември и 02 декември 2021 година (се состои од 2 видео снимки)  - 8 часа КПУ, надоместок 2.000 денари.

Програма за 29 ноември и 02 декемеври 2021 година.

Снимките од предавањата ќе може да ги проследите он-лајн во периодот од 13 декември 2021 до 24 декември 2021 година. Сите материјали за настаните се поставени во делот за членовите на ИОРРМ во мени КПУсовршување.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ на горенаведените предавања е 23 декември 2021 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk .

Инструкции: Откако ќе го пријавите интересот за присуство на предавањата на contact@iorrm.org.mk, предавањето може да го проследите следејќи ги инструкциите дадени во Упатството, кое што можете да го најдете во прилог на оваа порака.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599 или на contact@iorrm.org.mk.

Напомена: За следење на настаните може да се пријават само лица кои не присуствувале или досега не го ислушале овој КПУ.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРМ