Е-КПУ за 2021 година

10-01-2022

Почитувани,

Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија (ИОРРСМ) ќе спроведе електронско следење на Континуирано професионално усовршување (КПУ) на овластените ревизори за 2021 година. Настаните за КПУ се во рамките на Програмата за Континуирано професионално усовршување за 2021 година.

Предавањето ќе биде отворено во период од 10 до 25 јануари 2022 година. Во предавањето се вклучени следните презентации:

  1. МСР 210 - Договарање на условите на ревизорскиот ангажман, МСР 230 - Ревизорска документација, МСР 320 - Материјалност во планирање и извршување на ревизијата, МСР 402 - Ревизорски разгледувања во врска со ентитети кои користат услужни организации , МСР 500 - Ревизорски доказ, МСР 530 - Метода на примерок на ревизијата   и МСР 620 - Користење на работата на експерт на ревизорот
  2. МСС 37 - Резервирања, потенцијални обврски и средства и специфични аспекти во оданочувањето со данок на добивка во 2021 година.

Рокот за пријавување на лицата заинтересирани за електронско следење на КПУ е 24 јануари 2022 година, со пријавување на е-пошта contact@iorrm.org.mk . Надоместокот за електронско следење на КПУ, за кое што се признаваат 8 часа КПУ за 2021 година, изнесува 7.000,00 денари по лице.

Упатство за следење на настанот.

За дополнителни информации и инструкции може да не контактирате на (02) 3227 599.

Со почит,

Драган Димитров

Претседател на ИОРРСМ