Покана за учество на 30-та седница на Собранието на ИОРРМ – 31.03.2022 година, во 15.00 часот

09-03-2022

Почитувани,             

Ве известуваме дека 30-та седница на Собранието на ИОРРСМ ќе се одржи на 31 март 2022 година (четврток) во 15.00 часот, како видео конференција со електронско гласање. Материјалите по точките од предлог дневниот ред ќе бидат достапни на веб страната на ИОРРСМ, www.iorrm.org.mk, во делот Соопштенија. Присуството на седницата ќе се признава како 4 (четири) часа КПУ за 2022 година.

Предлог дневен ред за седницата:

  1. Избор на членови на Работна група за верификација на изборот на двајца претставници на ИОРРСМ за членови на СУНРРСМ.
    • Предлог на Управниот одбор за членови на Работната група: Калина Велковска, Бранка Стојановска, Марјонка Николовска и Тања Димитровска
  2. Усвојување на Записник од 29-та седница на Собранието на ИОРРСМ.
  3. Усвојување на Годишен извештај за работа на ИОРРСМ за 2021 година.
  4. Разгледување на Извештај за работењето на Надзорниот одбор за 2021 година.
  5. Усвојување на Одлука за усвојување на годишната сметка и финансиските извештаи на ИОРРСМ за годината која завршува на 31.12.2021 година, и извештајот на ревизорот за финансиските извештаи на ИОРРСМ за годината која завршува на 31.12.2021 година:
  6. Избор на двајца претставници на ИОРРСМ, за членови на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на РСМ (СУНРРСМ), заради истекување на мандатот на досегашните членови.
    • Кандидатура на овластен ревизор Лидија Нануш

Како членови на ИОРРСМ, доколку имате предлози за изменување и дополнување на предлог дневниот ред или материјалите за точките од предлог дневниот ред, истите можете да ги доставите до генералниот секретар на ИОРРСМ на адреса Ул. 11 Октомври бр. 52А/1-3, Скопје, најдоцна до 22 март 2022 година. Пристигнатите предлози по истекот на наведениот рок нема да бидат земени предвид.

По однос на точка 1 од предлог дневниот ред, предлогот на Управниот одбор за членови на Работната група за верификација на изборот на двајца претставници на ИОРРСМ за членови на СУНРРСМ ќе биде достапен на веб страната на ИОРРСМ, како материјал за точка 1 од дневниот ред.

ВАЖНА НАПОМЕНА: Ве молиме, најдоцна на 22 март 2022 година, задолжително да го потврдите присуството на 30-та седницата на Собранието на следниот линк https://forms.gle/xYMGBDtdTnH2qJDs5 . Во пријавата за присуство на дадениот линк, Ве молиме внимателно да ја внесете адресата за е-пошта бидејќи на таа адреса ќе ви пристигне ливчето за тајно гласање за изборите, како и сите известувања во врска со организацијата на сендицата. Врз основа на бројот на членови кои ќе потврдат присуство на седницата, ќе бидеме во можност да ги извршиме сите подготвителни активности за спроведување на седницата.

Сите членови на ИОРРСМ кои навремено ќе потврдат присуство на седницата, ќе добијат Упатство за начинот на спроведување на седницата и гласањето, и ќе можат тајно да гласаат за избор на двајца претставници на ИОРРСМ за членови на СУНРРСМ со тоа што ќе добијат гласачки ливчиња на нивната адреса за е-пошта. Во спротивно, доколку членовите се вклучат на седницата, без претходна навремена пријава, не ќе можат да гласаат за изборот.

 

Со почит,     

Драган Димитров

Претседател на ИОРРСМ